Нови „сочни“ детали за журките на Пи Диди: „Девојките требаше да тежат помалку од 70 килограми, да носат кратки фустани и беа плаќани дополнителни 1000 долари за да му „заиграат малку“ на Шон“

П Диди имал неколку ужасни правила за девојките на неговите забави.

 

 

 

Раперот, со неговото вистинско име Шон Комбс, имал посебен однос кон жените кои присуствувале на неговите озлогласени забави. Имено, организаторката на забавите во нејзиниот автомобил имала вага со себе кадешто пред влезот ги мерела девојките. Тие не требало да тежат повеќе од 70 килограми.

Таа во едно неодамнешно интервју појасни: „Ќе направевме мерење доколк беше потребно. Девојките мораа да бидат млади и згодни, така што секогаш имав вага во близина во случај да треба да се уверам. Максимумот беше 70 килограми, но ако девојката беше навистина висока, можеше да тежи и некој килограм плус“.

 

 

 

Жената наводно побарала да остане анонимна, откако излезе скандалот со „Белите забави“. Таа изјави дека работела за Диди во 2004 и 2005 година. Таа, исто така, тврдеше дека Диди имал некои многу посебни барања: „Без целулит и не премногу тетовирани. Не сакаше девојки со многу кратка коса. Кодексот за облекување беше без панталони, без фармерки, без рамни чевли, секоја девојка мораше да носи фустан за забава, по можност краток, доволно за да ги покрие „образите“ на задникот, но не подолг од средината на бутовите“.

Изворот исто така потврди дека организаторите на забавата никогаш не ги прашувале девојките колку години имаат: „Не прашувај, не кажувај. Тогаш бев навистина млада и искрено мислев дека не ги прашуваме за годините поради законот за пиење“.

 

 

Таа, исто така, изјавила дека немала поим дека тие девојки се тука за да имаат секс со гостите. „Њујорк пост“, исто така, разговараше со втор извор (танчерка) кој бил на втората забава на Диди во 2005 година.

Танчерката тврди дека ѝ било платено 250 долари за нејзиното танцување, но била информирана дека на картичките имало дополнителни 1.000 долари доколку отиде во куќата на Диди и заигра уште малку. Девојката, која наводно имала 20 години во тоа време, кажала дека не отишла внатре затоа што ѝ било сомнително“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *