Како скриениот „тест со шолја кафе“ може да ви ја уништи кариерата уште на вашето прво интервју за работа?

Тестот „шолја кафе“ е интервју техника што ја развил Трент Инес, поранешен директор на „Xero“ Австралија, со цел да го оцени карактерот на кандидатите на необичен начин. При секое интервју, Инес ги упатувал кандидатите до кујната во канцеларијата за да направат кафе.

 

 

 

По завршувањето на интервјуто, тој обрнувал внимание дали кандидатот ќе ја врати шолјата во кујната. Сметал дека овој мал гест го покажува карактерот на личноста и вниманието кон деталите. За него, оставањето на шолјата значело недостиг на свест за околината и одговорност, а кандидатите кои не ја враќале шолјата ретко ги вработувал.

Сепак, ваквата техника предизвикала критики. Стручњакот за интервјуа Викторија Гејтс го критикува тестот на социјалните мрежи, сметајќи дека ваквиот пристап може да има негативни последици. Таа истакнува дека оценувањето на кандидатите преку скриени тестови и „социјални експерименти“ може да доведе до губење на квалитетни кандидати, кои можеби не знаат дека постои политика за враќање на шолјата во канцеларијата во која никогаш не биле.

 

@expertinterviewers

Our take on the “coffee cup test” in an interview. What do you think of it? 🤔 #interviewing #interviewer #hiringmanager #hiring #hiringprocess #interview #hiringhelp #corporatetiktok #corporatetok #recruitertok #businesstiktok #businesstok #greenscreen

♬ original sound – Expert Interviewers

 

Гејтс објаснува дека однесувањето и способностите на кандидатите најдобро се оценуваат преку вистинско работно искуство, а не преку скриени експерименти. Таа предупредува дека таквиот пристап може да остави лош впечаток за организациската култура. Ако кандидатите откријат дека не добиле работа поради ваков експеримент, можеби и е подобро што не се вработиле.

Со оваа техника, потенцијалот на добрите кандидати може да остане неоткриен само затоа што не ја враќаат шолјата во кујната, што навестува дека можеби во таа организација се користат „умствени игри“ и тестови што не се поврзани со вистинската работа.

  • Васе напиша:

    Ова важи за во странство!
    Во Македонија, се знае уште од осамостојувањето како луѓето се запослуваат – преку партијата!!!
    Какво интервју, каква кујна, какво кафе, какви бакрачи!!!

  • aneta напиша:

    kaj nema luge za rabota pa uste majtapi ke si igraat so prijavenite. Lecenje kompleksi

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *