„Јас сум свештеник и вршам егзорцизми – овие се оружјата кои демоните најмногу ги мразат“
Егзорцист откри кои предмети мора да ги носи со себе кога е повикан на задача и кои се најомразени од демоните.
Отец Дан Рехил, римокатолички свештеник и егзорцист во Епархијата Нешвил, зборуваше за демонички опседнувања во емисијата „Shawn Ryan Show“ на YouTube, каде ги сподели своите „алатки“ за борба против злите духови. Тој објасни дека покрај телохранителите што ги носи за своја безбедност, поседува и неколку свети реликвии кои му помагаат при егзорцизмите.
„Ова е оружјето, бројаницата“, рече тој, покажувајќи ја бројаницата и дополнувајќи: „моето најмоќно оружје“.
Отец Рехил објасни дека во својата колекција за борба против злите духови има и светена вода со егзорцизамска сол, како и реликвии. Тој поседува артефакт од пештерата на Свети Михаил во Италија, каде камењата се сметаат за моќни сакраментали. Но, неговото најдрагоцено оружје е „парче од вистинскиот крст на кој умрел Христос“.
Кога го прашаа за оваа реликвија, тој откри дека ја добил од еден бискуп во Рим пред повеќе од две децении и додаде дека вакви реликвии денес се речиси невозможни за добивање.
„Невозможно да добиеш вакво нешто, освен ако не си бискуп“, објасни тој. „Но, еден бискуп кој ми беше наклонет ми ја даде.“
Тој спомена и други реликвии кои ги собрал со текот на годините, и објасни како ги користи при егзорцизмите. „Ги користам тие предмети, егзорцизамската сол и светената вода. Солта делува како врело масло на демоните. Тие не можат да го поднесат, чувствуваат чиста болка. Кога ќе ја ставиш солта во светената вода, таа станува многу посилна“ – рече тој.
Отец Рехил додаде дека подготовката за егзорцизмот бара и постење и молитва ноќта пред ритуалот. Објасни дека, како и луѓето, секој демон е различен и затоа применува различни реликвии за да види што ќе биде најефективно.
„Ова не е наука“, рече тој. „Секој човек е уникатен – од своето искуство, историја, ДНК. Исто така, и секој демон е уникатен. Зависно од групата демони кои го опседнуваат лицето, различен е и пристапот.“
Коментирај анонимно