Шопска салата и ракија (виц)

Си седи шопската салата во стомакот на Митевски. Доаѓа првата ракија и вели:
– Здраво, јас сум првата ракија на Митевски, а ти која си?
– Јас сум шопска салата.
По кратко време доаѓа и друга ракија:
– Здраво, јас сум втората ракија на Митевски, а ти која си?
– Јас сум шопска салата.
Доаѓа така и третата ракија и четвртата… Доаѓа десеттата и исто:
– Здраво јас сум десеттата ракија на Митевски, а ти која си?
– Ај да излезам јас да видам кој е тој Митевски.