Џиновска скала поставена 1500 метри во воздухот е најновата атракција на планината Ксинг во Кина – и да, постои можност да паднете и умрете!

За оние кои сакаат адреналин, новата атракција наречена „Via Ferrata“ на планината Ксинг во кинеската провинција Хунан нуди вистинско искуство за паметење. Оваа возбудлива атракција сместена на 1.500 метри во воздухот која личи на сцена од трилер, привлекува љубители на височини и авантури од целиот свет.

 

 

 

Во видео од пробното искачување, храбрите посетители се гледаат како ја искачуваат оваа висечка „небесна скала“ од 168 метри, обиколени од стрмни падини на сите страни. За безбедност, сите посетители се опремени со кациги и заштитни појаси, додека се качуваат.

 

 

 

Моментално, „Via Ferrata“ е отворена само за медиуми и влијателни личности, но наскоро се очекува да биде достапна за јавноста. Билетите ќе чинат над 100 долари, со услов да сте високи најмалку 160 см и да немате проблеми со крвен притисок или срцеви заболувања.

 

 

Кина е позната по ваквите атракции, како што е стаклениот мост во Кањонот Жангјаже, кој нуди скок со еластично јаже од 260 метри — највисок од мост во светот. Исто така, тука е и возењето „Летечки бакнежи“ во Чонгкинг, каде две огромни статуи ги подигнуваат посетителите на ротациски платформи, што им овозможува спектакуларен поглед на пејзажот од над 900 метри височина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *