Брачна двојка „избега“ од Велика Британија и купи „дом од соништата“ за 8000 евра во Бугарија – но постои еден предизвик
Лора Феникс, 33, и нејзиниот сопруг Ентони, 32, се преселиле 3.100 километри од Дарлингтон, Англија, во Стражица, Бугарија, во септември 2023 година, заедно со нивните ќерки – Сесилија (4 години) и Нова (2 години).
Брачниот пар сакал да живее „надвор од мрежата“ откако ја видел состојбата со пластичниот отпад на плажите во Тајланд. Но, Лора и Ентони, кој е татко-домаќин, не можеле да си дозволат рурална куќа во Обединетото Кралство и одлучиле да бараат место во Бугарија за својот сон, инспирирани од други луѓе кои направиле исто преку YouTube.
Парот нашол и купил напуштена куќа со три спални соби во Стражица за 7.000 фунти откако ја продале својата куќа во Велика Британија за 100.000 евра. Откако се преселиле, Лора вели дека нејзината кожна состојба исчезнала и семејството – кое сега ја реновира куќата – се чувствува „слободно“.
Лора, која работи како онлајн наставничка по англиски јазик и писателка, изјави: „Го купивме овој дом спонтано. Но, ова е нашиот сон. Немаме хипотека“
Мајката на две деца додаде: „Имав кожна состојба и чести воспаленија. Кога стигнав овде, тоа само исчезна. Се чувствувам како да бевме турнати надвор од Велика Британија. Како да немавме избор. Не сакаме и двајцата да работиме по 40 часа неделно само за да преживуваме. Во Англија тоа е толку недостижно“.
Ентони рече: „Дури и ако поседувате имот во Велика Британија, трошоците за живот се многу повисоки. Сега кога сакаме нешто, веднаш го правиме“
Лора и Ентони секогаш ја сакале авантурата, но биле разочарани од состојбата на плажите во Тајланд. Лора рече: „Имаше премногу пластика насекаде“.
Тие се вратиле во Обединетото Кралство и отвориле еколошка продавница за полнење производи во 2018 година и купиле стара куќа за 65.340 евра. Но, парот сонувал да живее „надвор од мрежата“ со своите деца, но откако виделе цени од околу 600.000 евра за она што го сакале, почнале да бараат во странство.
„Пробавме да најдеме земја за прифатлива цена. Гледавме видеа на YouTube и сонувавме за место каде што би можеле да бидеме слободни“ – додаде Лора.
Откако виделе како други Британци се преселуваат во Бугарија, парот се решил за истиот пат и за две недели го нашле својот дом во мај 2022 година, вљубувајќи се во Стражица. Го продале бизнисот и куќата во Дарлингтон за да го купат бугарскиот дом од соништата и се преселиле во септември 2023 година.
„Градината имаше стар душек. Ентони го сруши горниот кат. Ги отстранивме сите стаорци и штетници“.
Досега потрошиле помалку од 2,400 евра за реновирањето и се надеваат дека ќе го завршат во следните три години. Парот има четвртина акр земја каде што веќе започнале да садат спанаќ, кромид и лук. Имаат и грмушки од боровинки, малини и јагоди. „Сакаме да одгледуваме колку што можеме.“ – велат тие.
Семејството сака да биде што е можно повеќе самодоволно и размислува да набави компостни тоалети и соларни панели. Моментално, тие возат 40 минути до најблискиот супермаркет. Имаат и бунар на земјата кој се надеваат дека ќе го користат како извор на вода во иднина.
Но, Лора рече дека не било сè лесно – семејството требало да се навикне на суровата зима и да се справува со документите за престој.
„Бугарската зима може да биде прилично сурова. Не сакам сите да мислат дека е лесно затоа што не е. Не мислам дека секој би можел да го стори ова, но можете ако сте силни и сакате да избегате“.
Родителите на Ентони – Лора (61) и Еди Феникс (71) – исто така купуваат соседна куќа за 3,500 евра и ќе ја користат како викендичка. Лора рече: „Ќе биде како семејна заедница.“
Лора и Ентони ги школуваат своите деца дома и не го поддржуваат училишниот систем.
„Ми рекоа дека ако одам на факултет ќе имам сигурен живот, но не беше така. Во Бугарија не се гледа со одобрување на домашното образование. Ги учиме да садат и учиме јазик. Постојано посетуваат градови и музеи“
Семејството исто така има камперско комбе кое се надеваат повторно да го користат за патување низ Европа.
„Претходно кога ќе излезев од куќата во Велика Британија, секогаш имаше силна музика. Сега, се слушаат птици. Живееме во толку бучна средина, но овде сè е тивко“.
Ovie ili sa glupi ili se nenormalni treto nema!?
Od greota za deca treba da ziveat u tataristan so blgarskota kopita dudk mangali.
Коментирај анонимно