„iPhone“ имаат скриена тастатура со емотикони за која досега не сте чуле – еве како да ја активирате и користите

Постојат скриени тајни емотикони на вашиот „iPhone“ за кои можеби не сте чуле, така што ако веќе ви е здодевно од стандардните емотиконс на iOS, тогаш не грижете се.

„Apple“ постојано воведува нови ажурирања со карактеристики што често се скриени, а некои од нив се истакнати во најновите ажурирања на софтверот. Меѓутоа, овие емотикони не се дел од iOS18, туку се тука веќе неколку години, така што нема потреба да се грижите ако вашиот „iPhone“ не може да го поддржи најновиот софтвер.

Видео на „YouTube“ од пред осум години повторно се појави и предизвика интерес, покажувајќи како да ги додадете овие емотикони на вашата тастатура. Каналот „iDevice Help“ го сподели ова кратко едноминутно видео, кое објаснува како да се активираат овие скриени емотикони. Овој канал тврди дека ги споделува најновите информации за „Apple iOS“, совети и трикови, со цел корисниците да го извлечат најдоброто од својот уред.

Како да ги додадете „скриените“ емотикони

  1. Прво, отворете ја апликацијата „Settings“ на вашиот „iPhone“.
  2. Одете во „General“, потоа „Keyboard“, „Keyboards“, и изберете „Add New Keyboard“.
  3. Од тука, додадете ја јапонската тастатура со варијантите „Kana“ или „Romaji“. И толку е едноставно – сега сте подготвени да ги користите овие емотикони.

 

Како да ги пронајдете „скриените“ емотикони

 

 

Во апликациите за комуникација, како „WhatsApp“ или „Messages“, прво внесете го текстот. Потоа, задржете ја иконата со глобусот во долниот лев агол и изберете ја јапонската тастатура.

  • Ако користите „Kana“, притиснете на „^_^“ за да ја отворите новата тастатура со емотикони.
  • Ако сте на „Romaji“, прво притиснете на „123“.

Тука ќе ги најдете познатите емотикони како рамнодушниот – ¯\(ツ)/¯ – лутиот – ಠ_ಠ – и среќната мачка – (=^ェ^=).

Можностите се бесконечни – само допрете некој од овие емотикони и тој веднаш ќе се внесе во полето за пораки. За да се вратите на нормалната тастатура, повторно долготиснете го глобусот и изберете која тастатура сакате да ја користите.

Толку е едноставно, а многумина немаа поим за овие додавки на тастатурата досега.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *