Кејт Винслент објаснува зошто жените стануваат сѐ поубави како што стареат: „40 години не се почетокот на падот!“

Во 2005 година, Кејт Винслет беше прогласена за една од Најубавите жени според списанието „PEOPLE“, но дури и тогаш, на 29 години, таа имаше реален поглед кон убавината. На прашањето што ја прави да се чувствува убаво, таа изјавила: „Среќата што ја чувствувам со семејството ми донесе вистинска убавина“.

 

 

 

Скоро две децении подоцна, Винслет го споделува својот поцелосен став за убавината. Во видео за „Harper’s Bazaar UK“, таа зборува за лекциите од животот и на прашањето што научила за убавината, одговорила: „Прво, жените стануваат поубави со годините, бидејќи лицето станува дел од нивната суштина, има повеќе живот, повеќе историја. Ми се допаѓаат брчките околу очите, кожата на задната страна на рацете – мислам дека тие работи се многу убави“.

Таа, исто така, ја потенцира важноста на грижата за себе одвнатре: „Не само што јадете и како се грижите за себе од нутриционистички аспект, туку и како се грижите за себе ментално и емоционално. Вашето место во светот, како се движите низ животот со интегритет и искреност. Мислам дека тие работи се важни и тие се одразуваат на тоа како изгледаме и како се чувствуваме. Убавината е чувство, а не нешто што го гледаме“.

Луѓето позитивно реагираа на коментарите на Винслет за стареењето и убавината, кои се спротивни на социјалните пораки што ги добиваме за стареењето и брчките. Некои од реакциите вклучуваат:

„Како девојче се сеќавам дека гледав во наставничката по пијано и со нетрпение очекував да добијам брчки како нејзините“.

„Секоја линија раскажува приказна. Стареењето е привилегија. Треба да ги разоткриеме лагите што ни ги продаде индустријата за убавина“.

„Овој пристап е она што ни е потребно – да го славиме природното и да ги промениме нашите ставови кон стареењето“.

 

 

Во видеото, Винслет открива и што ѝ прави да се чувствува така убаво: „Често се чувствувам најубава кога сум опуштена. Работам на тоа да го постигнам тоа сѐ повеќе секоја година“.

Винслет претходно има изјавено дека жените стануваат посилни и поатрактивни во нивните 40-ти години: „Мислам дека жените навлегуваат во нивните 40-ти со мислата дека тоа е почеток на падот, но јас одлучив дека не е така. Ние стануваме помоќни, посексапилни и имаме можност да зборуваме без страв. Тоа е неверојатно“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *