Манекенката Алексас Морган била уапсена во Јордан поради нејзината професија, откако полицајци ја препознале по нејзините ПРОВОКАТИВНИ видеа
27 годишната манекенка Алексас Морган, која беше уапсена во нејзината хотелска соба во Јордан и задржана цели 17 часа, изјави дека по враќањето во САД е премногу исцрпена за повторно да патува. Таму полициски службеници наводно ја препознале поради нејзината „професија“.
За време на нејзиното притворање, била принудена да ја отвори својата страница на „OnlyFansп“ ред полициските службеници, што за неа било понижувачко искуство. Под вооружен надзор била одведена пред суд, каде ѝ бил изречена забрана за патување и условен договор за враќање доколку биде прогласена за виновна.
Во Јордан, продукцијата, дистрибуцијата или консумацијата на „порнографска содржина“ се казнуваат со најмалку шест месеци затвор и парична казна. Иако сега е дома, Алексас изјавила за „Daily Star“ дека судскиот процес сè уште трае, оставајќи ја трауматизирана и психички исцрпена. Претходно, таа редовно патувала, но сега вели дека нема желба за нови патувања. Покрај поддршката од нејзините фанови, добивала и голем број негативни пораки, особено од луѓе од Блискиот Исток кои го прочитале случајот.
Морган објаснува дека судот упорно одбива да ѝ ги врати конфискуваните телефони и камери. Таа верува дека апсењето било резултат на информациите што сопственикот на хотелот ги открил за нејзината професија на социјалните мрежи, каде што има повеќе од 5 милиони следбеници.
Алексас ја започнала својата „OnlyFans“ страница пред пет години, но тврди дека не создавала содржина за време на својот престој во Јордан.
Коментирај анонимно