На 16 години добила лотарија вредна милиони, за половина од парите да ги потроши на алишта и кокаин: „Среќата ја пронајдов 20 години подоцна!“

Поранешната најмлада добитничка на лотарија во Велика Британија, Кали Роџерс, сега изјави дека изреката „парите не можат да купат среќа“ е многу вистинита, особено откако го потрошила целото богатство и конечно пронашла среќа дваесет години подоцна.

 

 

 

Во 2003 година, Кали, тогашна тинејџерка, освоила неверојатни 2 милиони евра на само 16 години. Во тој период, таа работела во локален маркет за само 2 евра на час, па добивката ѝ го променила животот. Сепак, низ годините поминала низ големи турбуленции и денес смета дека животот без толку многу пари е значително подобар.

Минатиот месец, таа објави на социјалните мрежи дека го родила своето петто дете, мало девојче по име Неви-Никола, и сподели фотографии заедно со емотивна порака за нејзината „прекрасна девојка“. Роџерс, исто така, објави дека започнала нова врска со 35-годишниот Ли Метјус.

 

 

 

Во минатото, Роџерс потрошила половина милион евра на домови за себе и своите блиски, како и 700 илјади евра на облека, тетоважи и патувања. Исто така, таа признала дека потрошила многу пари на кокаин и изгубила големи суми пари на „заеми“ за пријатели кои не ѝ ги вратиле средствата. Ретроспективно, Роџерс изјавува дека во тоа време била „мека цел“ за луѓе кои ја искористувале, вклучително и лажни пријателства.

Во интервју во 2018 година, Кали објасни дека богатството ѝ донело голем број проблеми, особено со довербата. Дури и подоцна, работела како негувателка со годишна плата од 15 илјади евра, додека изнајмувала стан за 700 евра месечно. Дури и тогаш, нејзината лотарија била тема што редовно се споменувала и влијаела на нејзината анксиозност при запознавање нови луѓе.

 

 

Таа јавно повика на зголемување на минималната возраст за учество во лотарија на 18 години, тврдејќи дека младите не се подготвени за таква голема одговорност. Британските власти го прифатија ова барање и во 2021 година минималната возраст за играње лотарија е зголемена на 18 години.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *