Девојка потрошила половина живот припремајќи се за СУДНИОТ ДЕН, собирајќи храна во таен бункер – сега ќе „одмори“ малку затоа што Трамп е повторно претседател
Девојка којашто се плашела од судниот ден, конечно изјавила дека се чувствува олеснето и дека може да престане со интензивното купување резерви, сега откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД, нарекувајќи го „херој“ кој „ќе нè спаси сите“.
Роуан Мекензи, позната по своите совети за преживување и подготовка за апокалиптични сценарија, изрази благодарност за враќањето на Трамп во Белата куќа. Оваа агентка за недвижности смета дека сè уште има потреба од подготовки, но е среќна што може да се опушти во поглед на паничното купување резерви, бидејќи верува дека Трамп ќе донесе позитивни промени.
„За многу од нас, неговото враќање значи можни промени во домашната политика и намалување на глобалните тензии, што ќе ја намали потребата од масовно складирање“, изјави таа.
„Иако Америка останува изложена на ризици од војни и природни катастрофи, ова значи дека можеме да направиме малку пауза“.
Роуан започнала со складирање резерви пред 13 години, собирајќи основни продукти како грав и ориз и совладувајќи ја умешноста на конзервирање преку експерименти. Таа досега потрошила над 350,000 долари на залихи, кои ги складира во таен подземен бункер. Со надеж дека Републиканската партија ќе ги намали цените на храната, таа верува дека ќе стане полесно за сите да обезбедат потребни резерви за своите семејства.
„Ќе видиме како луѓето ќе можат повторно да си дозволат да ги хранат своите семејства и ќе имаат време и дополнителни средства за да се подготват и да ги зачуваат ресурсите за своите домови. Да победеа Демократите, економијата ќе продолжеше да се влошува. Во Америка има толку многу луѓе кои работат од изгрејсонце до зајдисонце, загрижени дали да ги нахранат своите деца или ќе ја платат сметката за струја“.
Роуан останува убедена дека подготовките за можни кризи и натаму се неопходни, но чувствува дека со Трамп на власт, тоа ќе биде подостапно за оние кои сакаат, но не можат да си го дозволат.
„Секогаш сум била посветен поддржувач на Трамп, бидејќи тој е прекрасен човек“, вели таа, додавајќи дека, иако направил грешки, неговата љубов кон земјата никогаш не се намалила и е уверена дека нема да ги разочара.
Коментирај анонимно