Човек починал во сообраќајна несреќа, удрен од автомобил, додека на сред пат луѓе собирате пари што летале во воздух. Хм, молам?

На автопатот I-95 во Провиденс, Роуд Ајленд, САД, се случил трагичен инцидент во кој маж бил убиен додека преминувал пат, додека луѓе ловеле разлетани пари. Не ви е јасно баш? Погледнете за што се работи.

 

 

Кевин Елиот МекКорт, маж од Флорида, запрел покрај автопатот на 6 ноември, околу 5:41 часот наутро, и го преминал јужниот дел од патот кон северниот, каде што бил смртоносно удрен од возило марка „Фолксваген СУВ“. Во истиот дел од автопатот биле забележани луѓе и полициски службеници како се обидуваат да соберат разлетани пари, собирајќи ги и ставајќи ги во вреќа. Сè уште не е потврдено дали МекКорт бил убиен додека „бркал“ пари или поради некоја друга причина, а исто така не е познато од каде потекнувале парите.

 

 

Некои локални жители го опишаа настанот како „луд“, коментирајќи дека тоа не е нешто што се гледа секој ден. Еден жител од Роуд Ајленд изјави: „Мислам дека тоа е лудо, но не ги обвинувам оние што се обидуваа да ги соберат парите, бидејќи „економијата е тешка во моментов. Жал ми е што некој загинал поради сето тоа. Се надевам дека на тој што ги загубил парите, не му биле толку потребни“.

 

 

Полицијата потврди дека возачот на „Фолксвагенот“ не е се уште осуден и дека истрагата продолжува.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *