Јутубер беше претепан и речиси задушен од ММА ѕвездата Раул Росас Џуниор затоа што „шегата“ што сакаше да ја направи тргна наопаку
Дваесетгодишниот Росас, кој има рекорд 10-1-0 во УФЦ, бил виден како тренира во сала во Лас Вегас кога му приоѓа член на Јутјуб каналот TopNotch Idiot’s. Јутјуберот му се обраќа на УФЦ борецот, велејќи дека „тој ја користи неговата лента за трчање.“
Друг човек, кој трча до Росас, го прашува: „Што сакаш да кажеш дека е твоја лента?“ на што Јутјуберот одговара: „Јас секој ден трчам тука во ова време, брат.“
Кога му кажале дека има уште многу ленти во салата, тој додал: „Јас ја користам баш оваа, можеш да го прашаш сопственикот на салата, брат. Тој [Росас] го користи моето место сега.“
Потоа, гледајќи кон Росас, вели: „Ми е малку непочитувачки што ја користиш мојата лента во моментов.“
Работите се вжештиле, бидејќи Росас и неговиот тим реагирале на човекот кој продолжил да ги провоцира.
На крајот, ММА ѕвездата решава да ја напушти лентата за трчање за да ја смири ситуацијата. Но, по неколку минути, ситуацијата повторно се разгорува, при што Росас овој пат се соочил со Јутјуберот.
„Подобро да се шегуваш, брат, затоа што навистина ќе те претепам, брат. Ми го прекина тренингот,“ рекол Росас.
Јутјуберот продолжи да го провоцира УФЦ борецот и бил виден како ги краде неговите тегови, пред друг член на салата да го предупреди да го остави Росас на мир. Подоцна бил виден како го следи Росас до делот за борење, каде тимот на борецот бил уште повеќе изнервиран.
Тие му се доближуваат, при што Росас го удира Јутјуберот во лице, носејќи боксерски ракавици. Јутјуберот сепак не застанува тука. Повторно влегува во салата и му се обраќа на Росас: „Удираш како девојче, брат.“ При што Јутјуберот го предизвикува Росас на борба во кафезот на салата.
Јутјуберот успева прв да удри, но брзо e соборен на подот од ММА ѕвездата со силен удар во главата. Росас продолжува да го удира во главата пред да се обиде да го задуши.
„Ова е видео,“ вели јутуберот, останувајќи без здив, што ги остави збунети борецот и неговиот тим.
„Што сакаш да кажеш дека е Јутјуб видео?“ прашува Росас, на што Јутјуберот одговара: „Снимам за Јутјуб.“
Салата замолкна додека борецот и неговиот тим сфатиле што се случува.
„Прво мислев дека само ме зезаш, брат, мислев дека си фан. Но кога влезе во кафезот, тогаш си помислив, имаш храброст.“
Последната борба на Росас беше во септември, кога ја освои победата со едногласна одлука против Аориќиланг во Ријад. Некои фанови беа збунети од видеото, при што еден напиша на платформата X (поранешен Твитер): „Зошто да се закачаш со УФЦ борец?“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно