Македонија повторно горда: Нова европска кикбокс титула донесе Бобан Илиоски од Европското сениорско првенство кое се одржа Атина
Македонскиот кикбокс уште еднаш докажа дека е меѓу спортовите со кои Македонија се гордее. На Европското сениорско првенство во Атина, Грција, Бобан Илиоски освои нова европска титула, додека Стефан Михајловски освои бронзен медал, со што македонската репрезентација се врати дома со две значајни одличја.
Претседателот и селектор на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, ја пофали изведбата на нашите борци, нагласувајќи го извонредниот настап на Илиоски, кој во четвртфиналето, полуфиналето и финалето со тактичка прецизност ги надмина своите противници, вклучувајќи и нокаут над грчкиот борец во полуфиналето.
Во конкуренција од 982 кикбоксери и натпреварувачи од 41 држава, бронзата на Михајловски е исто така голем успех, што ја потврдува силата на македонскиот тим на европската сцена.
Bravo za Boban osobeno za nokautot kon domakinot
Коментирај анонимно