Мајка направила ДНК тест за да им докаже на комшиите дека нејзината „многу бела“ ќерка е нејзина: „Ми здосади да им објаснувам дека не сум ѝ дадилка!“
Мајка одлучила да направи ДНК тест за да докаже дека нејзината ќерка е навистина нејзина, поради критиките и сомнежите на околината. Алекс, која е од афроамериканско потекло и нејзиниот сопруг Роб, кој е белец, ја добиле нивната ќерка Пудж преку ин витро оплодување.
Нивната ќерка, со многу посветол тен во споредба со нивните други деца, предизвикала многу коментари и непријатни ситуации – од обвинувања дека Алекс не е вистинската мајка, до критики за тоа што е во меѓурасна врска. Поради несоодветни и груби коментари, Алекс решила да направи ДНК тест за да ги замолчи критичарите.
На социјалните мрежи, многумина покажале поддршка за Алекс и нејзиното семејство, коментирајќи како меѓурасните бракови и различноста кај децата во овие семејства се сосема природни. Некои истакнале дека и самите, како мајки со бели деца, се соочуваат со слични ситуации.
Алекс ги истакна поддршката и позитивните коментари што ги добива како извор на сила, и покрај негативните коментари и недоразбирањата од околината. Иако семејството било изложено на низа предизвици, на крајот успеале да добијат многу поддршка од заедницата која ја прифатила нивната приказна и уникатност.
Шо имиња им дале на децата, да се чуди чоек:
1) Чаб, Чаб 7 години 2) Баба 5 години и „најспорното“ 3) Паџ, Паџ 2 години!!!
Денес читав во медиумите, дека најчесто машко име на деца во Македонија е Лука (Дончиќ)!!!
Коментирај анонимно