Интервју со Крипто Гемиџија – наједуцираниот крипто инфлуенсер во Македонија: Крипто револуцијата започна, Македонци што чекате?
Во светот на криптовалутите, каде што новите информации и тенденции се менуваат со брзина на светлината, ретко се среќава некој кој се посветува исклучиво на едукација на својата публика – и тоа без финансиски мотиви. Токму таков е Крипто Гемиџија – македонски крипто визионер кој несебично ги споделува своите знаења, анализи и стратегии со публиката. Ова интервју е можност да ги запознаеме неговите искрени ставови за иднината на криптовалутите во Македонија и неговата посветеност кон финансиска едукација и независност на македонската заедница.
Што ве мотивира да инвестирате толку време и труд во едукација за крипто без материјален профит?
Моите почетоци во Крипто/Блокчејн сферата датираат од 2016 година во тогашниот Бул маркет каде светот официјално за прв пат се запозна со Крипто валутите на глобално ниво. Во 2016/7 во Скопје, со мојот најдобар другар и до ден денес дел од каналот и моето инвестирање во оваа сфера, поседувавме Етериум мајнер и инвестиравме во Крипто валути кои за нас се покажаа екстремно профитабилни.
По професија сум Магистер по Финансии и Финансово право на Правниот факултет „Јустинијан I“ со положен правосуден испит, и во Македонија работев долго како адвокат во адвокатско друштво кое застапуваше неколку Македонски банки. Моите познавања во финансиите на глобално ниво ми помогнаа да можам да се пронајдам во оваа сфера и целосно да се посветам на истата. НО, бев свесен дека за жал мојата нација, посебно поради јазичната бариера, секогаш последна се запознава со овие глобални препородбени појави. Како и во оваа ситуација, во Македонија народот последен разбира за оваа технологија која има потенцијал да го промени светот, и веќе го променува, како и за енормниот потенцијал за профит од инвестирање во истата. Тоа е главната причина поради која давам се од себе, за 0 Евра по Македонец, да го променам овој терк и да предадам колку можам повеќе од своето знаење и искуство на Македонците ширум светот!
Како гледате на македонската публика во однос на подготвеноста да разбере и прифати криптовалути?
Споредбено со богатите нации, Македонската, како што реков, секогаш последна се запознава со новите технологии и трендови во светот. Додека во Швајцарија веќе во средните училишта има задолжителни предмети за Блокчејн технологија, а на факултетите има смерови за програмирање и проучување на истата технологија, кај нас ова е сеуште табу тема. Кога зборуваш за оваа сфера со Македонскиот народ, поради преголемите и пречестите измами, те гледаат како продавач на змиски отров! Сепак, мора да го скршиме овој тренд! Некој мора да го направи првиот чекор. Нашиот канал содржи повеќе од 1.300 видеа од кои поголемиот дел се едукативни видеа за Блокчјен Техонологија, Макро-Економија и Гео-Политика кои се клучни за Македонскиот народ да може да ја добие оваа едукација бесплатно.
Дополнително, кај нас сите кои нешто пробале да направат за едукација на Македонците тоа го гледаат низ призмата за сопствена финансиска корист, и за едукација во основите на оваа технологија земаат енормни суми од народ кој нема потенцијал истите да ги плати! Затоа јас работам, за ваквите „учители“. за пари да немаат на кого да продаваат „знаење“.
Дали мислите дека криптовалутите се „револуција“ или само модерен тренд кој ќе исчезне? Што ве уверува во тоа?
За моите зборови да имаат поголема тежина, секогаш посочувам на она што се случува во реалноста кое е многу поголем доказ од било што што би рекол јас:
- Најголемите корпорации во светот – BlackRock (10.5 трилиони долари под менаџмент) и Fidelity (5 Трилиони долари под менаџмент) моментално се дебело инвестирани во Биткоин од 11.01.2024, откако беше одобрен првиот фонд за тргување Биткоин на традиционалните берзи – BlackRock до овој момент има инвестирано 28 Милијарди $ додека Fidelity 11 милијарди $. Овде нема ни да ги спомнам помалите инвестициски фондови кои исто така имаат значителни инвестиции во Биткоин. Ако овие магнати не знаат во што инвестираат – тогаш сигурно ние знаеме подобро
- Фондови за инвестирање во Биткоин и Етериум на традиционалните берзи моментално никнуваат низ целиот свет како печурки… Вклучувајќи земји како Канада, Хонг Конг, Австралија, Обединетите држави на Америка, Германија, Велика Британија, Русија, Бразил итн… Зошто се дозволува овие капитални добра да бидат достапни на традиционалните берзи во најголемите финансиски центри во светот ако ова е минлива технологија?
- CBDC или по Македонски – Дигитални валути на Централните банки, претставуваат дигитална верзија на кеш кои ни се претставуаат како нешто извонредно – но се само централизирана верзија на Крипто валутите под целосна контрола на еден ентитет – Централна банка, влада итн… Доколку оваа технологија е нешто минливо, зошто тогаш целиот свет развива CBDC вклучувајќи ја и Европската унија кон која ние слепо се стремиме?
- Новиот банкарски систем за комуникација помеѓу финансиските иснтитуции ISO 20022 после престанувањето на постоење на SWIFT во Декември 2025 година ќе биде целосно компатабилен со сите Крипто валути кои ќе ги исполнуваат условите од погоре спомнатиот ISO стандард. Такви веќе постојат – XRP, XLM, ALGO, IOTA, Quant и истите веќе можат да бидат користени за меѓу банкарски трансакции во банките и финансиските иснтитуции кои веќе се префрлиле на новиот комуникациски систем. Зошто новиот финансиски комуникациски систем ISO 20022 е компатабилен со Блокчејн технологијата и Крипто валутите ако ова е технологија која е минлива?
- SWIFT моментално успешно го користи Крипто проектот Chainlink LINK за градење комуникациски систем за трансфер на капитал помеѓу традиционалните финансии и Крипто/Блокчејн ентитети – Зошто ваква соработка со еден од највисоките субјекти во глобалните финансии ако оваа технологија има рок на траење?Некогаш човек немора да дава свое мислење, доволно е да покаже што се случува во светот околу нас, секој може од ова да си извлече сам заклучок.
Што би значела финансиска независност за просечен Македонец и како блокчејн може да помогне во тоа?
Финансиска независност по дефиниција би била состојба во која поединец/семејство нема потреба од секојдневна работа и ангажман за да може да го оджри своето финансиско постоење. Дополнително, за нашето општество би спомнал дека ова не е доволно за еден Македонец да може да биде финансиски независен! Односно, сите знаеме дека поседување бизнис/капитал во Македонија е ризична ствар подлежна на најразлични државни и недржавни сили… Додека поседувањето Крипто валути ви дава целосна независност од ваквата корумпираност на Државниот апарат на присилба и нашиот пропаднат двопартиски систем! Крипто валутите се нешто кое државниот и приватниот апарат на присилба не може да ви ги одземе, забрани, услови … нешто кое ви дава вистинска финансиска слобода на глобално ниво! Блокчејн технологијата и Крипто валутите се вистинскиот излез од опресијата која се врши врз Македонецот од страна на двопартискиот систем и опресивната држава…
Како реагирате на критиките дека криптовалутите се само средство за богатење на малкумина на сметка на мнозинството?
Ако Крипто валутите се средство за богатење на малкумина, тогаш тоа се и акциите и ресурстите, а посебно и државните обврзници. Секое капитално добро кое постои на пазарот ако знаете правилно да го користите за инвестирање може да ве направи богат. Пазарните циклуси прават оние кои знаат да ги следат и читаат (оние малкумина богати) да бидат уште побогати, а не самото капитално добро. Тоа е и едно од главните знаења кои се обидуваме да ги пренесеме како едукација на Македонската нација – Разбирање на Макро-Економски циклуси и инвестирање во истите. Она што до пред само неколку декади било привилегија и знаење на богатите нации и нивните финансиски центри денес е нешто што може секој човек во светот да го користи за свое лично богатење – тоа е главната едукација на нашиот канал!
Кој е најзначајниот момент или најважната лекција што сте ја научиле во крипто светот досега?
Трпение! Ништо без трпение… Потребен ми беше цел еден циклус да набљудувам како Биткоин 4 годишниот циклус е поврзан со Макро-Економските и Гео-Политичките појави за да можам да развијам прво инвестициона стратегија (Стратешки DCA – Dollar cost avarage) за себе си, а потоа и истата да можам да ја претставам пред Македонската нација на мојот YouTube канал откако и сам се уверив дека истата е успешна. Тоа беа 4 години од мојот живот кои ги посветив на набљудување и инвестирање на моите тешко заработени пари во оваа сфера со цел да можам и сам да се уверам дека инвестирањето во Крипто е дејноста со која сакам да се занимавам!
Што мислите за регулацијата на криптовалутите во Македонија и какво влијание би имала врз заедницата?
Моментално во Македонија сите закони кои доаѓаат посебно во оваа сфера ќе бидат копија на Европските – очекувам дека законот MiCA кој влегува во сила во Декември 2024 ќе биде препишан, како што вообичаено знаат тоа да го прават нашите политичари со цел усогласување на нашето законодавство со Европското. Верувам дека тоа не е доволно (MiCA има големи пропусти кога станува збор за регулирање на Крипто Валутите и претежно се задржува на Stable Coin-и) – затоа што оние земји кои ќе ја прифатат оваа технолгија целосно, ќе ја регулираат и дозволат во секоја сфера во општеството ќе бидат пред остатокот од светот многу скоро. Земете ги за пример Обединетите Арапски Емирати, Сингапур и Ел Салвадор. Блокчејн е иднината на светот, не само во финансиите…
Дали сметате дека криптовалутите можат да имаат позитивно влијание врз македонската економија и како?
Верувам дека моделот на Ел Салвадор е многу примамлив и за Македонија! Во Ел Салвадор претседателот заедно со парламентот направија законодавство со кое на Биткоин му се даде вредност на национална валута – која е целосно транспарентна, брза, неподложна на инфлација и достапна било каде било кога со Lightning мрежата на Биткоин! Дури и да не одиме до тој степен, позитивна регулатива за дозвола на поседување и тргување на Крипто валути прво ќе примами компании да дојдат и почнат со работа во Крипто секторот базирани во нашата земја (Јас живеам во Малта која го прави токму ова – намалени даноци и позитивна регулатива привлекуваат Крипто капитал во форма на физички и правни лица). Да не заборавиме дека во Македонија има многу обновливи извори на енергија како речните текови кои се одличен извор на електрична енергија за Крипто мајнинг. Има овде уште многу да се зборува но Македонските партии се заинтересирани за бришење на Македонија од картата не за нејзино зачувување и унапредување… така да нема поента да се зборува на оваа тема.
Каде гледате себе и вашиот проект „Крипто Гемиџија“ во следните 5 години? Дали има амбиции за нови иницијативи или платформи?
Мојот канал е само нуспојава на моето инвестирање во Крипто валутите. Односно, едукацијата која ја обезбедуваме на каналот доаѓа од секојдневото истражување на пазарите и Крипто проектите кое јавно го објавуваме на каналот. Немаме што да изгубиме ако нашата работа ја споделиме со Македонците ширум светот на нашиот Македонски јазик. Малата група инвеститори кои се и членови на мојата наблиска фамилија кои исто така живеат со мене во Малта се овде заради извонредниот закон од 0% данок за сите долгорочни инвеститори во Крипто. Само што успеавме да добиеме долгорочен престој во оваа држава и планираме после завршувањето на овој Бул маркет да инвестираме и дел од нашето инвестиционо портфолио во Мајнинг/Сејткинг фарма овде на Малта. Моментално, Каналот покажува огромен потенцијал и интерес од Македонците каде преку едукација градиме авангардна група на Нео-Гемиџии исклучиво Македонци, кои ќе можат да соработуваат меѓусебно во следните Бул маркети за себе унапредување и богатење, но можеби и повеќе од тоа. Секако Каналот е само првиот чекор, иднината ќе покаже што можеме да изградиме како Македонска заедница за себеси но и за Македонската нација.
За крај, 10 БЛИЦ прашања (одговорете ги со по еден збор):
-
-
Коку ќе чини 1 Биткоин на крајот на 2025?
-
Моите проценки се дека до крајот на 2024 ќе видиме 100.000$ Биткоин а во текот на 2025 очекуваме да достигне барем 120.000 – 140.000$ – но се зависи од обемот кој ќе го инвестираат институциите кои за прв пат се присутни во еден Бул циклус. Односно, во однос на капиталот кој ќе се влее од Институциите можеме да видиме и многу поголема цена на Биткоин а со тоа и на останатие Крипто Валути.
-
Прва крипто апликација што ја отвораш наутро?
Trading View – посебна апликација за Техничка анализа.
-
Кој е највизионерскиот крипто проект на сите времиња?
За жал тешко е да се одговори ова прашање затоа што има многу разни проекти кои се обидуваат да решат најразлични проблеми во денешниот свет. Но, за сега нормално морам да го одберам Биткоин кој е најреволуционерната технологија на 21 век од која сите останати денешни проекти потекнуваат.
-
Прва криптовалута што си ја купил?
ЕТН Ethereum
-
Број на саати дневно посветени на истражување?
3-6 часа + 1-2 часа снимање материјали за каналот Крипто Гемиџија
-
Кога е најдобро време да се почне со инвестиции во крипто валути?
На дното на секој Bear маркет кој е најчесто 1 година откако Биткоин ќе оствари финален ATH (All time high) врв за тој циклус.
-
Најкорисна алатка за анализа?
Trading View,
-
Идеална почетна инвестиција во крипто?
Тоа е нешто што никој во крипто светот не смее да ви го каже законски затоа што не сме брокери или финансиски советници
-
Прв извор за крипто вести?
CoinTelegraph, CryptoPanic, Cryptonews.com итн…
-
Најсигурна криптовалута за штедење?
Биткоин! Биткоин е секогаш The End Game!
Коментирај анонимно