Дали ако вие направите нешто вакво на интервју би ја добиле работата? 8 „таленти“ кои добија работа благодарение на среќна случајност
Работодавците можат да бидат доста непредвидливи. Апликантот може совршено да одговори на сите прашања за интервјуто и да добие нешто како: „Ќе те повикаме назад“. Или, напротив, некој кандидат кажува или прави нешто сосема неприфатливо и е на пат да се збогува со својата кариера, но тие се пречекани со раширени раце. Корисниците на интернет ги споделија приказните каде што им беше понудена позиција што навистина не очекуваа да ја добијат.
1.
Мојот сопруг доби тест на интервју за работа во одлична компанија: „Имате 6 шницли, секоја треба да се пржи по еднаш на двете страни по 5 минути. Само 4 можат да се стават во тавата. Колку минути ќе ви требаат за да ги испржите сите шницли?“ Сопругот одговори: „15 минути.“ „Како дојде до таа пресметка?“ Тој вели: „Мојата сопруга ги сака шницлите полуготови.“ Само двајца одговорија точно. Денес, мојот сопруг е директор во таа фирма.
⁕ Точниот одговор навистина е 15, но на следниов начин: Се пржат 4 од едната страна 5 минути, наредните 5 минути две се вртат, а две испржени од едната страна се заменуваат со непржените две. Последните 5 минути се допржуваат сите.
2.
Еднаш бев на интервју за работа во голема компанија. Идниот менаџер ме праша зошто студирав вечерно училиште, наместо редовно. Реков дека ми требаше работа за да заработам. Ме праша зошто не студирав вонредно. Тогаш избрзав и реков дека не сметам дека вонредното студирање е вистинско образование за правник. И се испостави дека тој студирал вонредно! Излегов од канцеларијата и сфатив дека глупаво ја упропастив својата работа од соништата. Замислете го моето изненадување кога по 15 минути ми се јави одделот за човечки ресурси и ме поканија утре да потпишам договор за работа. Неколку години подоцна, шефот им раскажуваше на сите дека сум му оставила траен впечаток со мојот одговор. Тогаш помислил: „Вау, каква вештерка! Морам да ја вработам!“
3.
Пријателка имаше интервју за работа и на патот до таму ја касна оса. Лицето ѝ се поду, но сепак отиде на интервјуто. Му рече на работодавачот дека изгледала подобро пред да ја касне осата, но ако не сака да ја интервјуира така, можат да закажат друг ден. И ја вработија веднаш. И тоа затоа што ова покажувало дека е одговорна личност, а на нив им требаа токму такви.
4.
Требаше да стигнам во 8 часот наутро, но задоцнив 40 минути. Немав никаква надеж. Ми поставуваа разни трик-прашања, и не се сеќавам ни што одговарав. Сигурен бев дека со таков став нема да ме примат. А на крајот ми рекоа: „Супер си за нас! Изгледа ништо не може да те извади од колосек! Толку си отпорен на стрес! Можеш да почнеш утре.“
5.
Знаев еден дечко кој аплицираше за позиција во банка. Тој беше млад специјалист. Прво, ги поделија во групи од по 5 луѓе и им дадоа задача. Потоа беше време за индивидуално интервју. Фина девојка го пречека, му понуди кафе, и го однесе во канцеларијата на шефот на одделот. Го зеде кафето, влезе, одговараше на стандардните прашања, ништо посебно. Потоа му рекоа дека ќе размислат и ќе му се јават. Неколку дена подоцна, му се јавија: „Те чекаме на работа.“ А тој веќе мислеше дека ја пропуштил можноста. Еден ден, кога веќе работеше таму, го праша шефот зошто го вработиле. Одговорот на шефот беше: „Вашата група имаше приближно слични CV-a. Но ти беше единствениот што по интервјуто го однесе кафето назад во кујната, ја изми шољата и ја крена. Тоа ми кажа многу“.
6.
Кога завршив средно, не се запишав на факултет и моите родители ме натераа да барам работа. Но не сакав да правам ништо толку многу што само ги саботирав обидите. Наоѓав оглас, ќе се јавев, ќе зборував грубо, ќе ме одбиеа и ќе седев уште една недела без работа. Еднаш, кога бев во особено лошо расположение, направив кратко CV и аплицирав на околу 50 огласи одеднаш. Кратко напишав нешто како: „Мразам да работам, сакам многу да заработам, не ме барајте ни по телефон, ни по мејл.“ По 3 дена ми се јавија од една компанија, ме поканија на интервју и таму работев 4 години.
7.
Ме прашаа: „Ако си на мое место, дали би се вработил себеси?“ Одговорив не, а интервјуерот рече: „Е, тоа е сѐ што требаше да знам. Можеш ли да почнеш утре?“
8.
Секогаш сум живеел во голем град, но сега се преселив на село. Јас сум ветеринар. Бев на интервју за работа. Шефот ме праша дали знам од која страна да ѝ пријдам на крава. Добро прашање, со оглед на тоа дека крави сум видел само на слики. Одговорив – од ниедна страна. Се насмеавме. Ме вработија. Како што поминуваше времето, дознав дека сум бил во право, бидејќи крава може да те ритне од која било страна.
Многу сакате да играте игри, но не сакате да ги симнувате? Мотика има совршено решение за вас. Посетете го каналот Игротека и уживајте во најзабавните игри без обврски.
Коментирај анонимно