Најдоброто време од годината за започнување со вежбање е токму сега, во последните месеци – еве зошто!

Ако имате и најмала идеја дека можеби сакате да „се ставите“ во форма во новата година – или кога и да било – не чекајте до јануари. Најдобро време да започнете навика за вежбање е токму сега, кога ќе имате време за себе.

Технички „во моментов“ е секогаш најдобро време за почеток, но празничната сезона е посебна. Ако почекате до јануари, теретаните ќе бидат преполни. Првите две недели од годината, сите мислат дека се на почеток на нова неверојатна фитнес навика… а потоа до февруари, повеќето од нив заборавиле на сето тоа. Не си го отежнувајте животот со тоа што ќе започнете за време на големата гужва. Теретаните ќе се наполнат, ќе треба да се борите со луѓето за бенчот или теговите и само ќе се нервирате. Затоа започнете сега!

 

Во ноември, спортските сали се со повеќе или помалку нормални капацитети. Ова е добро време да ја почувствувате атмосферата на новото место. Но, станува подобро: до декември, спортистите ќе присуствуваат на празнични забави за крај на полусезоната, па така еве уште еден тип на луѓе што помалку ќе вежбаат во овој период.

Ветете си себеси дека ќе одите во теретана три пати неделно, што значи 18 пати отприлика пред нова година. Можете да станете многу посилни за 18 тренинзи. Или трчајте, ако тоа е фитнес целта за која сте најмногу возбудени. Ако сега започнете план за трчање, до јануари веќе ќе му „избегате“ на каучот.

Да, декември може да биде напорен и стресен, но запомнете дека вежбањето има тенденција да му помогне на нашиот мозок да управува со стресот. Обележете ги тренинзите во вашиот календар и бидете дисциплинирани. Не грижете се дека ќе пропуштите некаква забава, затоа што можете да имате време за се!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *