Екстремно голем елен влегол во продавница за автомобили во Шведска и направил хаос на неколку возила: „Се извинуваме, но вашето БМВ го прегази лос“

Еден лос (голем вид на елен) предизвика хаос во дуќан на BMW во Шведска, откако влезе и оштети ретро автомобил додека трчал од просторот. Животното ја направило штетата во продавница на „Schmiedmann“, специјалист за делови на „BMW“ и „Mini“, во Шведска, каде што популацијата на лосови изнесува околу 400,000.

 

Видео снимено од извршниот директор на компанијата го прикажува лосот како скока во просторија каде се поправа класичен автомобил од серијата 8. Додека лосот ја гази колата, лицето зад камерата се крие во обид да избегне повреда од копитата на животното.

На крај, животното успеало да се врати во природата, но не пред да направи штета на уште неколку возила, меѓу кои и на муштерија кој се упатувал кон продавницата. Главната жртва – автомобил, бил штотуку префарбан и скоро обновен BMW 850i, при што Ертеґрен морал да донесе „тешка одлука“ и да го извести сопственикот. Кога муштеријата го кренал телефонот, слушнал: „Многу ми е жал, но голем лос наврати и го изгази вашиот BMW 850“.

Мажјаците од овој животински вид можат да достигнат висина од преку два метра и тежина до 700 килограми, што ги прави навистина големи и силни суштества.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *