Рокерот Род Стјуарт вели дека ќе ја продаде својата „олд тајмерска“ колекција скапи автомобили поради тоа што има дупки пред куќата. Фер причина, нели?
Рокерот Сер Род Стјуарт размислува да ја продаде својата колекција од спортски автомобили поради дупките на улиците во близина на неговиот дом.
Пејачот и текстописец, на возраст од 79 години, беше снимен во март 2022 година како држи лопата за да ги пополни пукнатините на оштетениот пат во близина на Харлоу, Есекс. Но, тој откри дека можеби ќе мора да се раздели со своите пет луксузни автомобили бидејќи „никому не му е грижа“ да ги поправи оштетените улици.
На својот „Instagram“ профил, Сер Род напиша: „Неверојатно сум среќен и вечно благодарен што сум сопственик на овие пет прекрасни хибридни спортски автомобили, кои, според мене, се вистински уметнички дела. За жал, поради дупките на нашите патишта, можеби ќе морам да им најдам нови сопственици“.
„Ги возам овие легендарни италијански автомобили уште од 70-тите години и навистина ги обожавам. Оваа објава е за моите обожаватели – ви благодарам, вие сте единствената причина што ги поседувам“.
Пред две години, Сер Род сам се зафати да ги поправи патиштата, тврдејќи дека „никому не му е грижа“ да го направи тоа.
Тој изјави: „Луѓето ги уништуваат своите автомобили. Другиот ден, имаше амбулантно возило со пукната гума. Моето „Ферари“ не може да помине овде воопшто“.
Објавувајќи слика од себе и пријатели како ги пополнуваат дупките, тој тогаш рече: „Ова е состојбата на патот во близина на мојот дом во Харлоу и вака е со години. Затоа јас и момците решивме сами да го поправиме“.
По обидот на пејачот да ги поправи патиштата, Советот на округот Есекс ги поправи улиците, а портпаролот изјави: „Со задоволство би го поканиле Сер Род Стјуарт да се приклучи на една од нашите екипи за пополнување на дупките еден ден“.
Коментирај анонимно