Биохакерот, кој троши 2 милиони долари годишно за да остане млад, сега си вбризга маснотии во лицето – но не очекуваше работите да тргнат вака
Брајан Џонсон (47 години) од Јута, САД, е капиталист кој себе си се нарекува „најизмерениот човек на светот“. Во 2013 година, тој ја продаде својата компанија за плаќања Braintree на PayPal за 800 милиони долари. Денес тврди дека неговата „кардиоваскуларна кондиција е меѓу најдобрите 1,5% кај 18-годишниците“ и дека „го слави својот роденден на секои 19 месеци, бидејќи значително го забавил своето стареење“.
Во 2020 година, кога неговото здравје било во лоша состојба, Брајан го започнал Проектот Блупринт – личен процес на мерење на сите 70 органи во телото за „максимално враќање“ на биолошката возраст. Во рамките на овој строг режим, кој вклучува дневни суплементи, строга диета и постојан медицински мониторинг.
Тој има строги режими на исхрана, пие 110 апчиња дневно, и има правено многу контроверзни процедури за да биде млад. Од шок терапија на гениталиите до вбризгување крв од неговиот 18-годишен син.
Но, сега Брајан добил препорака да инјектира маснотии во лицето поради значителното губење на телесните масти.
Тој објасни дека доволно маснотии во лицето се клучни за младешки изглед. „Фацијалната маснотија е важна за тоа како луѓето ја перцепираат младоста. Значи, го започнавме „Project Baby Face“, за да истражиме дали можеме да го вратиме изгубениот волумен“ напиша тој на Twitter.
Но, по инјекцијата, неговото лице значително отекло. „Почна да се влошува до степен каде што не можев да гледам,“ вели тој, опишувајќи ја алергиската реакција.
„Избравме прва терапија: инјектирање на екстрацелуларна матрица добиена од маснотии за да се врати волуменот преку стимулирање на природниот раст на мастите во моето тело. Можно е да се користи сопствената телесна маст за ова, но проблемот беше што немав доволно маснотии на телото за да извлечам, па користев донатор. Веднаш по инјекциите, моето лице почна да отекува. И потоа се влошуваше, и полошо и полошо додека не можев да видам. Тоа беше тешка алергиска реакција. Триесет минути по третманот, требаше да се сретнам со @ashleevance од Bloomberg за да разговараме за Blueprint. Му се јавив и му реков: „Еј, да не се вознемириш, можеби нема да ме препознаеш денес. Мислам дека сум добро. Се надевам дека сум добро. Ако не сум добро, дали си случајно обучен да вршиш какви било активности за спасување живот? Седум дена подоцна моето лице се врати во нормала и се вративме назад да ги преформулиравме плановите за нашиот следен обид. Да се изгради производ е една работа; да се биде производ е сосема друга работа“.
Коментирај анонимно