Мајк Тајсон ги разочара фановите со пораз од Џејк Пол: „Ова е најтажното нешто што сум го видел. Тој едвај оди“
Во петокот вечерта во Тексас, не беше само Џејк Пол кој го удри 58-годишниот Мајк Тајсон – реалноста го погоди уште посилно.
„Морав да го изгасам, не можев повеќе да гледам,“ изјави НБА легендата Меџик Џонсон, откако поранешниот шампион во тешка категорија загуби со едногласна одлука на судиите во борба што се пренесуваше на Нетфликс. „Тажно е да го гледаме Мајк Тајсон во ваква состојба“.
За спектаклот кој во живо на стадионот „Ат&Т“ го гледаа повеќе од 80.000 луѓе на стадионот и многу милиони преку Тв екраните, Тајсон ќе заработи 20 милиони долари, додека за победникот Пол ќе следуваат двојно повеќе, односно 40 милиони долари.
Јутјуберот и боксер КСИ дури ја опиша борбата како „злоупотреба на постари лица,“ што претставува драстична промена од ентузијазмот кој настанот го предизвика низ целиот свет.
Публиката која со нетрпение чекаше да гледа како легендарен боксер се соочува со арогантен млад предизвикувач, 31 година помлад од него, на крај остана разочарана гледајќи го „Најстрашниот човек на планетата“ како губи од инфлуенсер кој би го победил со леснотија во неговите најдобри години.
Иако Тајсон успеа да ја заврши борбата, таа траеше само осум рунди, скратени на две минути наместо вообичаените три.
Во суштина, Тајсон боксуваше само 16 минути таа вечер. Но за оние кои го гледаа како едвај се движи низ рингот со стегач на коленото, изгледаше како вечно.
A ringside look at #PaulTyson 👀 pic.twitter.com/WZlzvJ7gKX
— Netflix (@netflix) November 16, 2024
Шампионот во супер велтер категорија, Теренс Крафорд, не штедеше зборови за својот коментар.
„Го сакам Мајк Тајсон, но премногу му ја величаат борбата,“ напиша Крафорд. „Изгледаше лошо – тренираше толку долго, а зададе само 97 удари. Единствено ми е драго што не се повреди“.
Спортскиот новинар Калум Бојл се согласи.
„Ова беше тажно за гледање како фан на боксот,“ напиша тој. „Наследството на Мајк Тајсон треба да остане во минатото, а не да се нарушува со вакви борби. Џејк Пол сè уште не можам сериозно да го сфатам додека не се соочи со вистински боксер во врвна форма“.
Сепак, имаше и такви кои му се восхитуваа на Тајсон, без оглед на исходот. Британскиот водител Пирс Морган изјави дека Тајсон сè уште има „срце на лав.“ Аналитичарот Скип Бејлес призна дека е изненаден што Тајсон „сè уште може да удира“ но додаде дека „изгледаше прилично жално“.
Статистиката го потврдува тоа што сите го видоа: Тајсон погоди само 18 од 97 удари, а само четири удари го погодија телото на Пол. Борбата беше претходно одложена поради здравствени проблеми на Тајсон, што можеби требаше да биде знак за тоа што ќе се случи.
И покрај ова, многумина веруваа во Тајсон – 85% од обложувањата на платформата FanDuel беа во негова корист.
Познатиот музичар Дрејк обложи 355.000 долари на Тајсон, само за да дознае, како и сите останати, дека поранешниот шампион е далеку од неговите славни денови. На крајот, без разлика на надежите и очекувањата, 58-годишниот Тајсон едноставно не можеше да го победи времето.
„Ова е најтажното нешто што сум го видел,“ коментира еден критичар. „Тајсон едвај може да оди“.
Тајсон во кариерата од боксот има заработено околу 430 милиони долари. Најпрофитабилна борба му беше таа против Ленокс Луис во 2002 година, кога заработи преку 103 милиони долари. Повеќе од 20 милиони долари за борба, според Форбс, Тајсон заработил и на уште четири други борби во кариерата.
19 години нема боксувано!!!
И што го врати во рингот? Па, разбира се, шо би рекол Љубчо Георгиевски – 20 милиона долари!!!
Мислите дека му е важно дали победил или изгубил? Ќе има повеќе пари за гулаби и марихуана некој период!
Коментирај анонимно