„Бев во врска со најпознатиот донатор на сперма во светот – тоа беше жив пекол“
Германска ѕвезда од реално шоу, која се забавувала со познатиот донатор на сперма Кајл Горди, ја опишала нивната врска како „кошмар“, наведувајќи ја неговата грубост и одбивањето да престане да оплодува други жени. Анника Филипс (39) го опиша Горди, познат како биолошки татко на 80 деца низ светот, како „добар човек без искуство во врски“.
Горди (32), родум од Лос Анџелес, помага на семејства кои не можат да зачнат, нудејќи ги своите услуги бесплатно. Со Филипс, која работи како програмер, се запознале преку емисијата „90 Day Fiancé,“ по што таа го контактирала на „“Инстаграм барајќи помош. По неколку месеци разговори, парот се сретнал во Малта, каде што ја снимиле својата прва официјална средба за шоуто.
Проблемите започнале кога Филипс сфатила дека тој сѐ уште оплодува други жени, иако верувала дека имаат сериозна врска. „Кога се сретнавме, мислев дека сме во посветена врска“, изјавила таа, но наскоро дознала дека пред само една недела извршил лично оплодување. Ова ја разочарало, особено кога сфатила дека тој нема основни манири – не отворал врати, ниту изразувал благодарност на услуги.
Понатаму, Филипс навела дека Горди имал „систем на поени“ според кој го оценувал нејзиното однесување и дури ја ускратувал за бакнежи доколку не „заработи доволно поени“. Врската траела осум месеци, по што парот раскинал бидејќи Горди не сакал да прекине со донирање сперма на други жени.
„И покрај сè, знаев дека тој не може да се откаже од донирањето“, додаде Филипс.
Горди, кој се опишува себеси како „извршен директор за донирање сперма“, продолжува со својата мисија, чекајќи уште 15 деца. Иако вели дека ја цени врската со Филипс, останува уверен дека љубовта ќе му се случи на друго место, дури и ако мора да ги намали донациите.
Коментирај анонимно