Претприемач сакаше да се направи паметен со објавата на Твитер за тоа што треба да имаш „до 30 години“ – Одговорите на луѓето беа урнебесни
Кога Стив Адкок, претприемач и „љубител на фитнес“ го објави ова на својот Твитер: „До 30-годишна возраст, треба да имате група пријатели кои зборуваат за бизнис, пари и фитнес, а не за политика и поп-култура“, луѓето имаа што да кажат.
By age 30, you should have a group of friends that talk business, money, and fitness, not politics and pop culture.
— Steve · Millionaire Habits (@SteveOnSpeed) August 1, 2022
Неговата објава можеби беше наменета како повеќе охрабрување да се опкружите со луѓе кои го предизвикуваат вашиот сегашен начин на размислување, со оглед на тоа што твитот продолжи со „една од најголемите грешки што некогаш сум ги направил беше пријателството со истомисленици кои зборуваа за исти работи одново и одново. Се согласувам со 99% од тоа. Вашата комфорна зона ќе го убие вашиот напредок“.
Но, сепак, генерално, твитот остави непријатен вкус во устата на луѓето – првенствено затоа што имплицираше дека парите се некако подобра тема за разговор од она за што луѓето обично разговараат со страст. Зошто да не зборувате за вашето омилено телевизиско шоу со пријателите?
И ова е местото каде што луѓето почнаа со свои смешни (и саркастични) шеги за тоа што треба да се очекува до нивната трета деценија на планетата Земја. Не разочараа.
1.
„До 30-тата година треба да имате анксиозност и домашно милениче за емоционална поддршка кое исто така има анксиозност“.
2.
„До 30-тата година треба да имате терапевт на кој секогаш ќе му презакажувате и голема вреќа спанаќ во фрижидерот што секогаш се расипува пред да дојде време да ја користите“.
3.
„До 30-тата година треба да имате омилено пенкало што нема да дозволите никого да го користи, куп од убави тетратки што ги зачувувате за посебна пригода а никогаш не ги користите и барем една серија што бескрајно можете да гледате одново и одново“.
4.
„До 30-годишна возраст, треба да имате најмалку 5 веб-прелистувачи со отворени над 100 јазичиња што немате никаков план да ги прочитате. “
5.
„До 30-тата година треба да имаш некоја јака јакна по која луѓето ќе те идентификуваат“
Николас Кејџ го знаеше тоа во 90-тите.
6.
„До 30-тата година треба да имате барем една голема кутија за емоционална поддршка со застарени кабли кои никогаш нема да затребаат“
7.
„До вашите 40-50-ти (или порано), сфаќате дека луѓето кои често зборуваат за своите пари/богатства не се ништо друго освен неподносливи, плитки гнаси. Наречете ме досадна, но претпочитам да зборувам за неверојатни книги, подкасти, градинарство, хоби, документарни филмови/емисии на Нетфликс итн.“
Крајна линија: Сакајте го она што го сакате и не се оптоварувајте со произволни правила за возраста.
Коментирај анонимно