Младата невеста и кексот (виц)
Една млада невеста направила кекс и тргнала на гости. По патот се сопнала и го испуштила кексот. Седнала и почнала да плаче. Покрај неа поминувал еден старец и ја прашал:
– Зошто плачеш, невесто?
– Така голем беше…
– Еее, доста, де! Ќе си најдеш друг!
– Така сладок беше…
– Доста, де! Друг ќе си најдеш.
– Со четири јајца беше…
– Ааа… плачи, невесто, плачи! Таков нема да најдеш!
Коментирај анонимно