„Изградив мултимилионски имотен бизнис благодарение на вниманието од мажите, но тие се површни и сè уште не ме сфаќаат сериозно“

Кајла, модел на OnlyFans се разбира, поседува имот вреден 2.4 милиони евра, вклучувајќи куќа со четири спални соби на Златниот Брег во Австралија вредна 2 милиони евра. Куќата на морскиот брег има и базен. Дополнително, таа поседува уште една куќа со три спални, вредна 360.000 евра, која ја издава.

Со приход од околу 48.000 евра месечно преку OnlyFans, Кајла вози и автомобил „Мерцедес“ вреден 150.000 евра. „Горда сум на тоа што го постигнав за толку кратко време,“ вели 25-годишната Кајла.

 

„Тоа е повеќе отколку што многу луѓе постигнуваат во текот на целиот живот. Не пораснав во богатство, но отсекогаш имав желба да поседувам убави работи. И покрај тоа што имам само 25 години, го постигнав тоа. Сум внимателна со парите и, иако уживам во луксузот, инвестирам во нешта што ја задржуваат својата вредност. Затоа сакам да продолжам да купувам имоти“.

Сепак, и покрај деловната умешност, Кајла открива дека многу „површни“ мажи не ѝ обрнуваат внимание на зборовите што ги кажува, туку „постојано ѕиркаат“ во нејзините гради.

 

„Се чувствувам како да сум кукла на надувување или парче месо,“ вели таа. „Можам да кажам дека зградата гори или дека нечија сопруга е прегазена – тие не слушаат ништо од тоа. Не треба да бидам осудувана само затоа што имам големи гради. Сакам да се чувствувам атрактивно и секси, па се облекувам соодветно. Но тоа не им дава право на површните мажи да ме гледаат така. Јас сум интелигентна и успешна претприемачка. Никогаш не би суделе маж на таков начин. А мојот успех зборува за себе – имам два имота и ќе купам уште повеќе во иднина. На пат сум да се пензионирам во своите 30-ти години. Не многу луѓе можат да го кажат тоа, па би рекла дека сум доста паметна“.

Со оглед на тоа дека се збогатила затоа што се „продава“ како парче месо на OnlyFans не сме баш сигурни што очекува од мажите.

Кајла, која е родум од Нов Зеланд, а сега живее на Златниот Брег, смета дека нејзината кариера е „вдахновение“ за многу други жени и се опишува како феминистка.

 

„Навистина мислам дека ја инспирирам следната генерација жени да ги остварат своите соништа,“ вели таа. „На некој начин сум феминистка бидејќи многу зборувам за правата на жените и нивната благосостојба. Не мислам дека јас или било која друга жена треба да бидеме осудувани за тоа што го правиме, сè додека тоа не им наштетува на другите.

Секој треба да има право да прави што сака со своето тело. Не треба да биде проблем начинот на кој избирам да заработувам. Мислам дека тоа што го правам е инспиративно за други жени кои размислуваат за тоа каква кариера да следат. И тие треба да имаат слобода да изберат без страв од осуда или срам од другите. Тоа е пораката што сакам да ја испратам“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *