12 приказни кои докажуваат дека вистинската љубов може да промени животи
Љубовта е… поминување на еден час на колена за да ја склопи нејзината омилена скршена вазна. Љубовта е… да нарачаш мала „Лего“ верзија од неа да ја носиш со себе насекаде. Денес ја славиме љубовта во сите нејзини уникатни форми – од слатки гестови до тивки дела на вистинска посветеност. Дојдете придружете ни се и заљубете се повторно! ❤️
1. „Ја растев мојата коса 3,5 години за потоа да ја претворам во перика за мојата девојка со алопеција“
2. „Дедо ми си ја бриче брадата секој ден, а кога правеше операција, не можеше сам да си ја среди. Неговиот помал брат беше тука да му помогне“
3. „Дечко ми помина еден час лепејќи ја вазната што случајно ја скрши, којашто ми беше поклон од мајка ми“
4. „Баба ми почина. Дедо ми си легна покрај неа“
5. „Наполнив 30 години и ја добив оваа честитка од татко ми. Тој почина во 1999 година“
„Мала приказна: Татко ми почина од рак на црниот дроб/бели дробови во 1999 година, откако се бореше со него една и пол година. По толку многу хемотерапија и лекови, тој едноставно не можеше повеќе да го издржи тој квалитет на живот и сфати дека е време да си оди. Претпоставувам дека во тој момент купил картички за мојот брат и за моите родендени.
Тоа ме фати тотално несвесен и ме направи многу среќен. Имав чувство како да е сè уште таму, држејќи нешто што никогаш претходно не сум го видел, а тој го допрел и се потпишал; како да го направил тоа вчера. Толку извонреден, всушност, тој најде начин да биде сè уште одличен татко, 16 години откако умре“.
6. „Потсетник дека љубовта може да трае вечно“
„Овде ми го украде срцето, љубов на мојот живот“.
7. „Тазе пензионирани, спремни за нови авантури, 41 година брак!“
„Мојот сопруг е доктор и ми помогна да најдам лек за мојата „неизлечива болест“.
8. „Си нарача мало „Лего“ што личи на мене, за да бидеме заедно и кога сме разделени“
9. „После 27 години брак, конечно успеавме! Заедно изгубени повеќе од 100 килограми и победен рак!“
10. „После операција, баба ми беше тажна како изгледаат нејзините нокти. Затоа сум јас тука да ѝ дадам маникир“
11. „Кога ќе дојде моето време, се надевам дека ќе има некој вака да ме држи за рака“
12. „Направив селфи и сфатив колку мојот сопруг е всушност заљубен“
Коментирај анонимно