Вијагра диета: „Заборавете на малите сини апчиња, имам 62 години и сум „бесен“ во спалната како на 20 – еве што јадам за да го постигнам тоа“

Фил Ескот, 62-годишен татко на три деца од Англија, го трансформираше терминот „машка менопауза“ и се свртел кон карнивор диетата – начин на исхрана што вклучува исклучиво производи од животинско потекло. Откако со години се борел со зголемена тежина, хронична болка и намалено либидо, Фил направил целосна промена во својот живот, ослободувајќи се од 40 килограми и враќајќи ја својата енергија и здравје.

 

 

 

Карнивор диетата целосно ги елиминира овошјето, зеленчукот, мешунките и јатките, додека фокусот е ставен на месо, јајца и млечни производи. Фил објаснува дека поради оваа промена значително му се намалиле воспаленијата и болките, додека неговото либидо се вратило на ниво на младешките денови.

 

 

 

„Се чувствувам како 20-годишник“, изјавува тој, додавајќи дека штетните токсини во растителната храна придонеле за неговите здравствени проблеми.

Покрај губењето тежина, тој успеал да се ослободи од хроничниот артритис, псоријазата, депресијата и проблемите со варењето. Неговите најголеми промени се поврзани со елиминацијата на зеленчукот, за што тврди дека било клучно за неговото закрепнување.

 

   

 

„Кога не јадев зеленчук, веднаш се чувствував подобро“, додава тој.

Иако Фил е ентузијаст за карнивор диетата, што уште ја нарекува и „виагра диета, поради нејзините придобивки, многу нутриционисти ја критикуваат како екстремна и опасна. Според експертите, недостигот од влакна и антиоксиданти може да предизвика дигестивни проблеми и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Но, Фил вели дека неговото искуство го покажува спротивното, нагласувајќи дека не посетил лекар од 2012 година и дека неговите крвни резултати се стабилни.

 

 

И покрај контроверзиите, Фил продолжува да ја следи диетата и да ги промовира нејзините придобивки преку онлајн консултации и поддршка за заедницата на луѓе кои ја практикуваат оваа исхрана.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *