Дали Кортни Кардашијан е новата ѕвезда на познатото семејство? 45 годишната мајка на 4 деца изгледа СЕНЗАЦИОНАЛНО во новата рекламна кампања со сестра ѝ Ким

Кортни Кардашијан, 45-годишната ријалити ѕвезда, блесна заедно со својата сестра Ким во новите реклами за соработката на „SKIMS“ и „Dolce & Gabbana“. Во фотографиите објавени на „Instagram“, Кортни е облечена во црн проѕирен корсет, минијатурна долна облека и високи чорапи, додека на друга фотографија носи тесен црн фустан.

 

 

 

Фановите на брендот го пофалија нејзиниот изглед по породувањето со синот Роки пред неколку месеци. Еден обожавател напиша: „Кортни е подготвена за големото платно! Изгледа како филмска ѕвезда! ❤️.“

 

 

 

Кортни, која е висока околу 155 см, порано тежела околу 43 кг, но тежината ѝ се зголемила на 47 кг со текот на времето. Во бременостите, како што изјавила, накачила околу 18 кг, па пред породувањето со Роки тежела меѓу 66 и 68 кг. Според фотографиите, сега е блиску до својата нормална тежина од 50 кг.

 

 

Кортни и сопругот Травис Баркер, тапанарот на „Blink-182“, го добија својот син Роки Баркер на 1 ноември 2023 година. Парот е посветен на зачувување на приватноста на својот син и избегнување на медиумскиот фокус. Во интервју за „The Wall Street Journal“, Травис изјавил дека им е предизвик да го држат Роки надвор од светлото на јавноста, посебно со оглед на славата на семејството. Тој додаде: „Сакам да можев истото да го направам и за моите постари деца“.

 

 

 

Травис, кој е и очув на ќерката на Шана Моклер, Атијана, 25, како и на децата на Кортни и Скот Дисик, изрази каење што неговите постари деца пораснале во јавниот фокус. Исто така, ја нагласи својата посебна врска со синот Лендон, кој како и татко му, создава музика.

„Клучот за успехот, му велам, е да поминуваш безброј денови во студио и да создаваш многу музика пред да ја споделиш со светот“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *