Жена е целосно слепа повеќе од 20 години, но може да почувствува предмети, емоции и бои – еве што значи оваа чудна состојба и како се живее со неа

Милина Канинг од Шкотска живее со ретка состојба наречена „блајндсајт,“ или состојба на потсвесен вид, која ѝ овозможува да ги почувствува своите околности, иако е целосно слепа.

Тоа е состојба која им овозможува на луѓето да реагираат на визуелни стимулуси околу нив и покрај целосното губење на видот. Според Science Direct“, ова се случува обично по повреда на примарниот визуелен кортекс (V1) во окципиталниот лобус на мозокот. Некои истражувања сугерираат дека оваа способност се должи на мали, функционирачки делови на визуелниот кортекс кои остануваат активни, и покрај целокупната штета.

 

 

Пациентите со оваа состојба можат да почувствуваат присуство на објекти, да избегнуваат пречки или дури и да препознаат емоции на лица, иако не можат свесно да ги видат.

Според професорот Марко Тамиесто од Универзитетот во Тилбург, оваа состојба е прозорец во скриените функции на мозокот: „Овие случаи ни овозможуваат да видиме функции кои обично се тивки и невидливи“.

Милина го развила потсвесниот вид по мозочен удар во индуцирана кома на свои дваесет години. Шест месеци по будењето, почнала да забележува бои и била испратена кај професорот Гордон Датон, кој ја потврдил нејзината состојба по серија тестови.

 

 

Милина објаснува дека иако не може да ги види предметите, чувствува нивно присуство. „Можам да се движам низ куќата и да ги средувам работите, но не ги гледам. Знам дека се таму, мојот мозок ми кажува. Тоа е исто и кога семејството ќе остави нешто среде дневната соба“, вели таа.

Овој феномен ги нагласува неверојатните адаптивни можности на човечкиот мозок и ја отвора вратата за понатамошни истражувања во областа на невронауката.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *