„Молзење“ риби наместо крави: Индонезија нема од каде да најде млеко, па на децата им дава… што и да е ова?

Крајбрежната земја Индонезија го користи изобилството од риби како алтернатива за компензација на сериозниот недостиг од крави, вклучувајќи го и снабдувањето на училишните оброци.

 

 

 

Локалните рибари од градот Индрамaју дневно ловат големи количества риба, како што е понито-рибата, која се преработува во фабрики каде што се чисти од коски и се меле во бел протеински прав. Ова „морско млеко“ потоа се испраќа во друга установа каде што се додаваат вкусови од јагода или чоколадо.

„На вкус е како обично млеко, барем за мене“, вели Мафатихул Хоири, менаџер на иницијативата „Berikan Protein“, која започна со дистрибуција минатата година. Идејата за употреба на „рибјо млеко“ се разгледува за националните училишни програми како евтина алтернатива богата со протеини.

 

 

Се проценува дека индустријата би можела да генерира 4,5 милијарди долари и да отвори 200.000 работни места. Иако рибјите протеини не се непознати во светот – како што се користат во козметика, концептот предизвикува поделени реакции.

 

 

Додека некои го пофалија вкусот, критичарите предупредуваат за ултра-преработката и додавањето шеќери и вештачки засладувачи. Индонезискиот министер за здравство, Буди Гунади Садикин, истакна дека постојат подобри опции, како што се одгледување крави или увоз на млеко од Австралија.

„Постојат многу, многу други решенија пред да почнеме да ги молзиме рибите“, додаде министерот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *