Една мајка се разбудила со „фризура од пеколот“ откако нејзиниот двегодишен син ѝ направил трансформација со ножици и суперлепак

Сара Кафажи објави шокантно видео на TikTok, каде плаче додека покажува кратки прамени коса што стрчат во сите правци.

„Буквално плачам цел проклет ден. Ми ја уништи косата, толку е лошо.Не можам да ги извадам овие работи од мојата коса. Се обидував, но не успевам “ рече мајката, објаснувајќи дека тоа што изгледа како тубички маскара е суперлепак залепен во пунџа на нејзината глава.

„Буквално ќе треба да ја исечам речиси целата коса.  Навистина не сум добро.“

 

Сара објасни дека инцидентот се случил околу 3 часот наутро. Нејзиниот син спиел во неговата соба, а таа во нејзината. Малиот се разбудил, влегол во нејзината соба и се качил на столот каде што се наоѓале ножичките и лепакот.

„Влезе во мојата соба сред ноќ, а јас дури и не го слушнав. Обично, кога ќе се разбуди сред ноќ, почнува да плаче, и јас веднаш го слушам. Но, таа ноќ не плачеше.“ додаде таа.

Иако Сара доби критики за тоа што спиела додека нејзиниот син ѝ ја сечел косата, многумина споделија слични приказни.

„Мојот син, кога имаше четири години, излезе преку прозорецот и се сокри во гаражата на соседот преку улица. Му требаа само три МИНУТИ да го направи тоа, се движат толку брзо!“ сподели еден корисник.

„Тие се мали Худини!“ додаде друг.

„Кога си уморен, можеш да спиеш и ништо да не слушнеш. Јас сум мајка на две деца и сум била тероризирана со речиси сè, ха-ха,“.

„Ќерка ми ми го обоја целото лице со кармин, и јас сето тоа го преспав,“ – напиша трета мајка.

Кога мајката ќе ја среди косата и таа ќе порасне ова ќе биде уште една смешна случка за раскажување 🙂

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *