Разговор низ времето: Откриена тајна порака во шише стара 132 години во шкотски светилник
Тим инженери кои работеле на обновување на историскиот светилник Корсевол во Шкотска направија неверојатно откритие – најдоа порака во шише стара 132 години. Пораката, напишана со перо во 1892 година, откривала фасцинантна врска со нивниот тековен проект.

Инженерите го пронашле шишето затворено со плута во ѕидна шуплина на светилникот, изграден во 1817 година. Шишето содржело порака од инженерите и чуварите на светилникот кои тогаш работеле на поставување на нова „Fresnel“ леќа – истиот механизам на кој модерниот тим работел.
Пораката, датира од септември 1892 година и ја документирала реконструкцијата на светилникот: „Овој светилник беше поставена од Џејмс Велс, Џон Вествуд, Џејмс Броди и Дејвид Скот, од компанијата James Milne & Son Engineers, Edinburgh, од мај до септември и беше повторно осветлена на 15 септември 1892 година“.

Современите инженери биле вчудоневидени од значењето на писмото, кое изгледало како намерна порака од минатото до иднината. Барим Милер, чувар на светилникот, го нарекол ова „директна комуникација преку вековите“, додека потомок на еден од оригиналните чувари изјавил: „Фасцинантно е да се види како историјата повторно оживува и како работата од минатото сè уште е релевантна денес“.

Во чест на откритието, тимот планира да остави свое шише со порака во истата шуплина за идните генерации. Милер изјавил: „Можеби некогаш во иднината и нашата порака ќе биде пронајдена и ќе создаде врска со некои идни работници“.

Овој редок настан претставува совршен пример за тоа како минатото и сегашноста можат да се поврзат преку наследството и историјата на човечката работа и креативност.

Коментирај анонимно