Најдобриот рецепт за ќофтиња – сочно, здраво и полесно од било кога
Овој рецепт е идеален за здрава, вкусна и хранлива вечера. Комбинацијата на мелено месо со свеж зеленчук и кремаст сос го прави ова јадење неодоливо!
Состојки:
За ќофтињата:
400-500 гр мелено месо
1 главица ситно сечкан кромид
1 јајце
3 лажици брашно
Сол и бибер
За зеленчукот:
100 гр спанаќ
200 гр кратко проварена брокула
2 чешниња лук
За сосот:
3 јајца
2 лажици кисела павлака
Малку вода
Сув зачин
Начин на подготовка
Подготовка на ќофтињата:
Во сад измешајте го меленото месо со кромидот, јајцето, брашното, сол и бибер.
Замесете хомогена смеса и оставете ја во фрижидер да одстои 30 минути.
Формирајте подебели ќофтиња и пржете ги на загреано масло додека не добијат убава златна боја. Потоа извадете ги на страна.
Подготовка на зеленчукот:
Во истото масло, кратко пропржете го сечканиот лук (30 секунди).
Додадете го спанаќот и проварената брокула, пропржете ги 1-2 минути, зачинете со сол и бибер и сипете ја смесата во тава за печење.
Склопување и печење:
Наредете ги пржените ќофтиња врз зеленчукот во тавата.
Во посебен сад изматете јајца со кисела павлака, малку вода и сув зачин. Прелијте ја смесата врз ќофтињата и зеленчукот.
Печете во загреана рерна на 200°C околу 15-20 минути, додека заливката не добие убава златна боја.
Послужете ги ќофтињата додека се топли со свежа салата или парче интегрален леб. Уживајте во ова вкусно и здраво јадење! 💖
Коментирај анонимно