10 кратки вицови за брзо разведрување на тмурниот викенд

– Еееј, другар… има надеж за Македонија…
– Каква надеж, бе, другар, оваа денешна младина… мрзлива… за ништо не ги бива!
– Има, има… да знаеш… вчера некој ми ја украл мотиката…

– – – – – – –

Која е разликата помеѓу љубител на алкохол и алкохоличар?
– Љубителот на алкохол знае кога затвора продавницата, а алкохоличарот знае кога отвора.

– – – – – – –

Понеделник наутро, шефот:
– Зошто ти се црвени очите Томе, да не пиеше?
– Не дирекоре! Плачев цел викенд затоа што ми недостигаше работата!

– – – – – – –

Ако маж те соблече, тоа е љубов.
Ако крадец те соблече, тоа е злосторство.
Ако државата те соблече, тоа е закон.

– – – – – – –

Една наставничка по македонски родила близнаци и ѝ рекла на сестрата:
– Кажете му на мажот ми во чекалната: „Машки род. Множина.“

– – – – – – –

Мало дете ја прашува мајка си:
– Мамо, што прават со колите што веќе не можат да одат?
– Му ги продаваат на татко ти, сине.

– – – – – – –

Излегува Евреин од такси, си ги проверува џебовите и си мрмори:
– Уф, мајката, сигурно ми испаднал новчаникот со илјадници евра и денари.
Таксистот го слушнал и веднаш згазил на гаста и побегнал.
– Во право беше тато, ова навистина функционира – си помислил Евреинот.

– – – – – – –

– Господине, веднаш да излезете надвор! И повеќе не доаѓајте на нашиот базен!
– Зошто така?
– Бидејќи мочате во водата!
– Еј, големо чудо! Да не мочам само јас?
– Не, секако! Но само вие го правите тоа од даската за скокање!

– – – – – – –

Пијаниот Дедо Мраз ја вика Снежана:
– Снежанке, дојди ваму, ма!
– Кажи, Дедо Мраз?
– Сакаш ли да те научам како се да велиѓ „хо хо хо“ наопаку?

– – – – – – –

– Зошто женскиот фудбал никогаш нема да стане популарен?
– Бидејќи е тешко да собереш 11 жени и да ги натераш да се облечат исто.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *