Дали вашиот брак е осуден на пропаст? Адвокатка за разводи им ја предвидува судбината на младенците со уникатен подарок
Кристен Фарис, адвокатка за разводи со речиси две децении искуство, тврди дека може да препознае дали брачниот пар ќе ја доживее среќата „до крајот на животот“ или нивната љубов ќе пропадне уште по првите чекори.
Фарис, која има 39 години и живее во Хадсон Вали, Њујорк, станала популарна на „TikTok“ со своите 774.000 следбеници, каде што открива дека на паровите кои, според неа, нема да успеат, им подарува необичен „свадбен подарок“ – нејзината визит-карта.
@nydivorcelawyerkristen I can tell when relationships are NOT going to last! divorce divorced divorceparty divorcedlife divorcedmom divorcesucks divorcecoach divorcedparents divorceattorney divorcesupport divorceparties divorcehelp divorcerecovery DivorceForce divorcecourt divorcecommunity divorcedonedifferently divorcechaos divorceproceedings divorcedmoms divorcee divorcecoaching divorcees marriage divorcelawyer relationships divorcesurvivor
„Ако навистина верувам дека ќе им треба, ја ставам мојата визит-карта во свадбената честитка“, објаснува Фарис. „Тоа не го правам за паровите за кои мислам дека ќе успеат, туку за оние кои нема да успеат“.
Но, според последните извештаи за разводи, Фарис можеби поретко го подарува овој необичен подарок. Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) покажуваат дека стапките на брак растат, додека разводите опаѓаат од почетокот на пандемијата COVID-19.
Фарис го смета својот подарок за шега. „Луѓето што ме канат на нивните свадби знаат што работам“, вели таа, откривајќи дека го подарила својот контакт на најмалку осум до десет парови. Во честитките често додава духовити забелешки, како: „Доколку не успеете и некогаш ме побарате, знајте дека сум тука само за еден од вас“.

Иако многу младенци ја прифаќаат нејзината шега со насмевка, таа често наидува и на критики. Некои онлајн коментатори го сметаат нејзиниот гест за „некултурен“ и „несоодветен“, додека други велат дека би го ценеле нејзиниот „професионален увид“ дури и пред да го изговорат судбоносното „да“.
Фарис објаснува дека најчестите знаци за проблеми во бракот се „недостаток на комуникација“ и разлики во животните цели, како одлуката за деца или изборот на кариера. „Ако не разговараат за своите планови уште на почетокот, шансите да издржат повеќе од 10 години се мали“, тврди таа.

Коментирај анонимно