Тој може да живее како крал дома, но повеќето локални жители во овој скромен африкански град немаат поим кој всушност е тој

Принцот Кристијан од Данска, наследник на данскиот трон, бил речиси непрепознатлив додека работел во Источна Африка, носејќи тули за изградба на домови и носејќи кофи со вода за време на своето четиримесечно патување. Наместо традиционалниот костум и вратоврска, 19-годишниот принц носел маичка, шорцеви, капа, ракавици и чизми додека се вклучувал во секојдневните активности.

 

 

 

Принцот Кристијан пристигнал во Африка на 4 септември, по завршувањето на средното училиште. Неговото патување било дел од традицијата на данското кралско семејство, чијашто цел е наследниците да стекнат искуства надвор од Данска.

Во изјава, принцот ги споделил своите впечатоци: „Секојдневниот живот овде е сосема поинаков од оној дома. Храната, културата, климата, природата и луѓето го прават ова искуство незаборавно. Во изминатите недели работев на заштита на природата, регистрирав животни, помагав во канцелариската работа и учествував во изградба на нови домови за вработените. Исто така, играв фудбал со локалните жители“.

 

 

 

Принцот, исто така, бил дел од активностите за заштита на дивиот свет, а снимки го покажуваат како помага на диво животно под анестезија. Кристијан ќе се врати дома во Данска пред Божиќ, за да го прослави празникот со своето семејство – кралицата Марија, кралот Фредерик и неговите браќа и сестри: принцезата Изабела, принцот Винсент и принцезата Жозефина.

 

 

 

На почетокот на следната година, принцот ќе ја започне својата кариера како воен офицер во кралскиот полк на чуварите во Слагелсе, следејќи ги стапките на својот татко, кралот Фредерик, кој има богата воена историја.

Данската кралска фамилија објавила детали за ова патување на „Инстаграм“, истакнувајќи дека принцот ќе биде дел од оперативните и административните активности на две фарми и ќе стекне сознанија за локалната заштита на природата.

 

 

Патувањето на принцот Кристијан е дел од „долгата традиција“ на семејството, каде наследниците се испраќаат во странство за да научат повеќе за себе и да го истражат светот. Кралицата Маргрете, на пример, патувала во Источна и Јужна Америка во 60-тите години, додека кралот Фредерик работел на винарија во Калифорнија.

Кралицата Марија признала дека многу ќе ѝ недостасува синот за време на неговото отсуство, но истакнала дека со нетрпение ги очекува неговите раскажувања по враќањето.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *