Бијонсе прогласена за најголема поп-ѕвезда на 21-от век според „Billboard“ – фановите на Тејлор Свифт збеснаа!
Музичката публикација „Billboard“ официјално ја прогласи Бијонсе за најголемата поп-ѕвезда на 21-от век, со што ја предизвика реакцијата на „Свифтис“ фановите, кои сметаат дека Тејлор Свифт требаше да го заземе врвното место.

Иако Тејлор, која се најде на второ место, има доминантни бројки според музичките статистики, „Billboard“ објасни дека одлуката се заснова на „25-годишното влијание, еволуција и културна моќ“ на Бијонсе. Писателот Ендру Унтербергер додаде дека, иако Тејлор има „јасна статистичка предност во многу клучни категории“, нејзината кариера сè уште не може да го достигне времетраењето и обемот на доминацијата на Бијонсе.

„Доколку се гледаат само бројките, Тејлор би го зазела врвот“, истакна Ендру, нагласувајќи дека „Бијонсе има најдолга и најцелосна кариера во овој век“.
Обожавателите на Тејлор изразија незадоволство на социјалните мрежи, тврдејќи дека „Shake It Off“ ѕвездата била „ограбена“. Некои коментираа дека Тејлор постигнала повеќе во последните пет години отколку Бијонсе во целата кариера.


Од друга страна, фановите на Бијонсе, познати како „Beyhive“, ја бранеа одлуката, истакнувајќи ја нејзината постојаност, рекорди и културно влијание во текот на три децении.
„Таа е повеќе од поп-ѕвезда, таа е културна сила!“ нагласи еден обожавател.

И покрај ривалството меѓу фановите, Бијонсе и Тејлор имаат взаемна почит. Нивното пријателство е особено забележливо по контроверзниот момент на MTV наградите во 2009 година, кога Кање Вест ја прекина Тејлор за да ја пофали Бијонсе. Оттогаш, и двете уметници јавно се поддржуваат, а во 2023 година, Тејлор присуствуваше на премиерата на Бијонсе,„Renaissance“ во Лондон.
Иако листата на „Billboard“ предизвика поделени мислења, останува јасно дека и двете уметници се симболи на исклучителен талент и влијание во модерната музичка индустрија.

Коментирај анонимно