Неверојатната трансформација на човек што тежел речиси 200 килограми и навиките што требал да ги промени за да ослабе и се промени себеси

Карлос Ривера, 28-годишен ветеринарен техничар од Бостон, Масачусетс, го трансформирал својот живот по долгогодишната борба со прекумерната тежина. Откако достигнал тежина од 16о килограми и се соочил со тешкотии во движењето, неговата одлука за промена била поттикната од коментар на роднина кој го нарекол „премногу голем“.

 

 

 

Во ноември 2020 година, Карлос се подложил на операција за гастричен ракав, со што изгубил 50 килограми во првите осум месеци. Сепак, кога процесот на слабеење се забавил, Карлос започнал сериозно да го менува начинот на живот. Во ноември 2023 година, целосно го преуредил своето мени, елиминирајќи брза храна, газирани пијалаци и ужинки, додека се фокусирал на високо-протеински оброци.

 

 

 

Дополнително, тој почнал редовно да вежба, посетувајќи теретана пет пати неделно, користејќи „StairMaster“ и кревајќи лесни тегови. Во текот на една година, Карлос изгубил 60 килограми. Денес тој тежи 100 kilogrami и носи облека со големина XL, за разлика од претходната XXXXXXL.

Карлос ја опишува својата трансформација како „целосна промена на животот“. Со значително подобрена самодоверба, тој се чувствува посреќен, поактивен и со подобри односи со пријателите.

 

 

„Сега чувствувам неверојатна самодоверба. Моите пријатели и колеги ми даваат комплименти, а мојата кариера исто така напредува“, вели Карлос.

Иако е задоволен од својот успех, Карлос се подготвува за дополнителен чекор – отстранување на 10 килограми вишок кожа во февруари 2025 година. Тој истакнува дека оваа кожа му предизвикува болки во грбот и сака да ја заврши својата трансформација.

 

 

 

„Иако оваа кожа е потсетник за напорната работа, подготвен сум да почнам ново поглавје“, додава тој.

Карлос е доказ дека со упорност, правилна исхрана и вежбање, секој може да ги постигне своите цели и да го трансформира својот живот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *