„Момци ме плаќаат за да им бидам „девојка“ за семејна Божиќна вечера — дури и ќе мијам садови со вашата мајка за соодветна цена“

Слободните мажи често се принудени да одговараат на прашања за својот љубовен живот кога се враќаат дома за празниците — но една креативна ѕвезда на OnlyFans најде начин да им помогне и нормално да заработи, затоа што веќе и љубовта се плаќа.

Џесенија Ребека, 29 години, е подготвена да глуми заљубена девојка на мажи кои ќе ја платат вистинската цена.

Атрактивната девојка од Мајами ги претстави своите „Божиќни пакети за девојка“ на социјалните мрежи, со услуги кои достигнуваат до 150 долари на час.

„Обезбедувам одлична услуга за празниците за слободните мажи,“ напиша Ребека над фотографија со трите различни пакети кои ги нуди.

 

Мажите кои ќе изберат „Сребрен пакет“ ќе треба да платат 250 долари и да ѝ подарат подарок на Ребека. Во замена, таа ќе дојде во нивниот семеен дом на два часа, ќе јаде вечера и ќе раскаже неколку шеги.

Оние кои ќе издвојат 450 долари за „Златен пакет’ ќе можат да уживаат во нејзиното друштво три часа за време на празничната прослава. Додека е таму, Ребека ќе смисли симпатична приказна за тоа како се запознала со клиентот, за да не се открие дека е ангажирана.

Најскапиот „Платинест пакет“, кој чини 600 долари, овозможува Ребека да глуми љубовна партнерка шест часа. Таа ќе му каже „Те сакам“ на клиентот пред неговото семејство и дури ќе го бакне на образ.

Ребека е подготвена и на дополнителна работа — ќе им помага со миење садови по вечерата, за да изгледа како совршена девојка.

 

 

Реакции на социјалните мрежи:

Џесенија брзо се соочи со критики од корисници на X, кои ја нарекоа идејата „жална“.

„Ова е рецепт за катастрофа,“ изјави еден критичар.

Сепак, други возбудени мажи признаа дека би ја ангажирале.

„Не сум ли јас тој што сега ја проверува својата банкарска сметка,“ се пошегува еден корисник.

„Ова е одлична понуда,“ додаде друг.

Меѓутоа, еден „посериозен“ маж се пожали дека сака повеќе од бакнеж на образ.

„Ми треба повеќе во ’Платинестиот‘ пакет,“ напиша тој, алудирајќи дека барем сака вистински бакнеж под имелата.

Добро мажи, зарем до тука стигнавме?

 

 

  • Corbagjija напиша:

    Rebeko da si sedish doma ko nedavash ni za 250 evra 🤣

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *