Дедото што се оженил за млада девојка (виц)

Еден дедо се оженил за млада девојка. По една година, старецот доаѓа во болницата со жена му. Таа бремена, ќе раѓа. Докторите се фатиле за глава:
– Браво бе, дедо! Како го правиш ова?
– А-а-а, трикот е моторот секогаш да биде подготвен и да работи.
– Јасно – се насмеале докторите.

Минала уште една година. Дедото повторно доаѓа во болницата со младата жена, која повторно ќе раѓа.
– Еј, доста бе дедо – му рекле изненадени докторите. – Како ги правиш овие магии?
– Па нели ви реков, момци. Важно е моторот постојано да работи.

По уште една година, дедото пак доаѓа во болницата. Жена му пак ќе раѓа.
– Дедо, пак ти. Моторот уште си работи, а?
– Како не, гордо одговорил дедото.

По два часа, докторот излегува од собата и вели:
– Дедо, време е да си го смениш маслото на моторот. Се роди црнче.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *