Дали би ја пробале најопасната пица во светот, која се подготвува на активен вулкан?

Туристите во Гватемала можат да уживаат во посебна пица која се подготвува на активен вулкан. Ова јадење со „експлозивен вкус“ стана „кулинарски успех“ за готвачот Марио Давид Гарсија, кој ги забавува гостите додека готви со отпорни на топлина ракавици и заштитни очила, подготвувајќи Маргарита пица во печка направена од вулкански карпи, дрва и јаглен.

 

Веќе пет години, Марио работи на вулканот Пакаја, планина која, како што вели тој, му дозволува да биде „милувана и восхитувана“. „Сум продавал сè, од сладолед до зеленчук, но никогаш не помислив дека вулкан ќе биде почетна точка за мојот кулинарски успех“, изјави Мариo,

Сепак, вулканот понекогаш приредува и предизвици. Марио раскажува дека еден ден вулканот испуштал голема количина сулфур, по што тој и тимот добиле крварење од нос и морале да ја затворат пицеријата на 15 дена.

 

Американската туристка Соџорнер Вајт изјавила за The Times: „Не сфатив дека е активен вулкан сè додека не седнав да ја јадам пицата. Можеби не беше најбезбедното искуство за соло патување, но пицата беше одлична“.

Пакаја е активен вулкан, а последната ерупција на лава се случила во мај 2021 година. Тој е еден од трите активни вулкани во Гватемала, висок над 2.500 метри и е дел од привлечноста за туристите кои ја посетуваат земјата.

Според билтен на Националниот музеј за природна историја при Смитсонијан и нивната програма за глобален вулканизам, „обемни лавини текови, експлозии со вулкански парчиња и облаци пепел од кратерот Макени се карактеристични за постојаната активност на Пакаја од 1961 година“.

Во август, облак од сулфурен диоксид поминал над Обединетото Кралство по вулканска ерупција во Исланд. Облакот гас бил исфрлен високо во атмосферата од вулканот во Исланд, но според Метеоролошката служба, „немал значително влијание врз квалитетот на воздухот на земјата“.

Сулфурниот диоксид е безбоен гас со силен мирис, кој најчесто се испушта при согорување на јаглен и други индустриски процеси. Гасот може да предизвика иритација на грлото, мачнина, болки во стомакот и повраќање ако се вдиши во високи концентрации.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *