Го видовте ли најчудниот корнер на сезоната?
Во 21. коло од руската втора лига, Балтика со 3-0 ја совладала Аланија и со 45 бода е уверливо на првото место на табела кое води во највисок ранг. Аланија е претпоследна на табела. Ај тоа, туку имаат и чудна идеја за корнер во која играат оро фатени за раце и чекаат да го изненадат противникот. Овојпат „во чочекот“ им западна противничкиот играч Сергеј Прјахин кој во првиот дел даде два гола за својот тим.
Коментирај анонимно