Што може да се случи ако во вашето резиме напишете дека сте „Миа Калифа“ експерт?

Поранешен вработен во „Google“ ги откри неочекуваните резултати откако во своето CV се опишал како „експерт за Миа Калифа“ и го објави тоа на интернет.

 

 

 

 

Миа Калифа, позната низ целиот свет како едно од најпрепознатливите имиња во филмската индустрија за возрасни, заработи огромна популарност и покрај тоа што сними само неколку филмови. По краткотрајната кариера, Калифа се соочи со голема контроверзија и критики, но успеа да ја трансформира својата слава преку социјалните мрежи и платформата „OnlyFans“, каде што заработува милиони месечно.

Со оглед на нејзиниот статус, Џери Ли, експерт за изработка на совршено CV и поранешен вработен во „Google“, решил да го искористи нејзиното име како тест за влијанието на необични содржини врз привлекувањето регрутери. Ли, кој ја напуштил компанијата во 2020 година и сега води своја фирма, „Wonsulting“, додал „црвени знамиња“ во своето резиме за да види дали имиџот на „Google“ ќе ги надвладее негативните елементи.

 

 

Покрај тоа што го сменил името во „Kiss My Nuts“, Ли вклучил обични технички вештини како кодирање и вештачка интелигенција, но исто така додал дека помогнал во ширење на полово преносливи болести и поставил рекорди во пиење за време на студентските денови.

По шест недели експеримент, резултатите биле неверојатни – добил 29 покани за интервјуа. Ли заклучил дека клучот за успешен CV лежи во јасно структуриран формат, нагласување на конкретни постигнувања и користење на значајни имиња за привлекување внимание.

Иако не препорачува слични екстремни потези, Ли посочува дека креативноста и стратегијата можат значително да влијаат врз успехот при барањето работа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *