Зарем сме толкави баксузи? На петок 13-ти може да удри огромен астероид директно во Земјата – но, не грижете се, за среќа тоа не денес, туку за некоја година!

Петок 13-ти е ден кога треба да погледнете лево и десно десет пати пред да ја преминете улицата и да обрнете дополнително внимание при качувањето во возот. Зошто? Бидејќи овој ден се смета за несреќен.

 

 

Иако со малку внимание можете да го поминете денот безбедно, само четири години од сега, во 2029 година, светот можеби нема да биде толку среќен, бидејќи џиновски астероид би можел да се движи кон Земјата. Овој масивен вселенски камен, наречен Апофис, првпат бил откриен во 2004 година. Во 2017 година се проценувало дека има 2,7% шанса за удар со Земјата во 2029 година. Подоцнежни набљудувања го исклучија тоа сценарио, но сепак се очекува астероидот да помине блиску до нашата планета на 13 април 2029 година.

Сепак, канадскиот астроном Пол Вигерт посочува дека ситуацијата би можела да се промени доколку мал објект удри во Апофис и го насочи на патека кон Земјата. Според неговите пресметки, шансите за такво сценарио се исклучително мали — помалку од една во два милијарди.

 

 

За споредба, тоа е 20 пати помала веројатност од добивање на лотарија. Но, како што истакнува Вигерт, иако е неверојатно, не е невозможно. На крајот на краиштата, и самото постоење на секој од нас е статистички речиси невозможно, со веројатност од една во број кој содржи 2.685.000 нули.

Затоа, овој Петок 13-ти, може да бидеме благодарни што сме безбедни од космички закани и да се потсетиме да внимаваме при преминување на улиците и користење на јавниот превоз.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *