Бикини инфлуенсерка тврди дека била принудена да ги покаже своите гениталии за да докаже дека не е трансродова личност, откако ја уапсиле во Мароко
Бразилската инфлуенсерка Лизијане Гутиерез, која на Инстаграм има 1,5 милиони следбеници, изјави дека била обвинета дека е трансродова личност и дека била принудена да ги покаже своите гениталии на службеници во Мароко, по нејзиното апсење. Гутиерез, која претходно го тужеше раперот Крис Браун за инцидент на забава во Лас Вегас, откри дека поминала еден месец во затвор во Маракеш за снимање полицаец.
Но, пред да биде префрлена во женскиот затвор, таа изјави дека морала да се подложи на инспекција на гениталиите за да докаже дека не е трансродова личност. По ослободувањето, од Италија таа изјави: „Затворот беше ноќна мора кога првпат стигнав таму. Ме обвинија дека сум трансродова личност, па морав да ги отворам нозете пред две жени и двајца мажи. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку понижена. Тие гледаа во мене како доктори, а јас само плачев“.
Откако инспекцијата потврдила дека е жена, таа била префрлена во женски затвор. „Ако бев трансродова личност, веројатно ќе ме ставеа во машки затвор,“ додала таа.
Лизијане раскажа дека нејзината голгота започнала кога ѝ бил украден ранецот пред хотелот во Маракеш на 30 октомври, во кој имала два мобилни телефона – нејзиниот и службениот телефон на нејзиниот сопруг.
Сопругот, кој сè уште го имал личниот телефон, се обидел да ги лоцира украдените уреди. Следниот ден, добиле сигнал за локацијата на еден од телефоните и побарале помош од полицијата.
„Го видовме полицискиот автомобил и се обидовме да контактираме со полицајците. Бидејќи не зборуваме арапски или француски, се обидувавме да комуницираме на англиски и преку Google Translate, но тие не реагираа,“ објасни таа.
Фрустрирана, таа започнала да ги снима полицајците. „Сакав да покажам на туристите дека полицијата во Маракеш едноставно ќе ве игнорира,“ рече таа.
Но, полицајците реагирале така што ја уапсиле неа и нејзиниот сопруг, ги ставиле во полициски автомобил и ги однеле во станица.
Бразилската амбасада го потврди апсењето на Гутиерез преку локален медиум во Бразил. Сопругот на Лизијане бил ослободен по една ноќ, откако ја дал шифрата од телефонот со кој биле снимени полицајците. Но, таа останала во притвор, каде што била сместена во, како што вели, „целосен пекол“.
„Во просторија што требаше да собере максимум 10 девојки, имаше 20. Имаше инсекти и муви насекаде. Немаше вентилација, а луѓето пушеа внатре. Некои девојки беа таму со денови. Како издржале, не знам.“
По ден и половина, таа била префрлена во голем затвор, каде што останала еден месец.
„Во просторија за 10 лица пак имаше 20. Спиевме на под. Тоалетот беше само дупка во подот. Храна имаше еднаш дневно – само леб. Температурата се менуваше од исклучително жешко до многу студено.“
За Лизијане, ова бил најлошиот патнички кошмар, дури полош од нејзините патувања во Северна Кореја и во разурнати подрачја на Украина.
„Подобро би отишла во Северна Кореја уште десет пати отколку повторно во Мароко. Во Северна Кореја ме почитуваа повеќе отколку во Мароко.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно