Мажот што добил инфаркт на покер (виц, црн хумор)

Се собрале Евреи да играат покер. За време на играта, еден од нив од возбуда добил инфаркт и починал. Се прашувале како да им ја соопштат веста на неговите блиски и го избрале Исаија, како најделикатен, да ја пренесе веста одоколу, на не многу шокантен начин. Исаија отишол до куќата на починатиот, заѕвонил и му отворила сопругата.
– Здраво, Софија.
– Здраво, Исаија.
– Синоќа Моше дојде кај нас и игравме покер цела ноќ. Изгуби многу пари…
– Пуст да остане, да пукне да даде Господ!
– Епа, така и направи…

  • Васе напиша:

    Единствен начин да се збогати човек во коцкањето е да отвори коцкарница!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *