Научници прикачија камери на група поларни мечки – она што се виде како промена кај нив, го потресе светот
Научници поставиле камери на 20 поларни мечки во заливот Хадсон, Канада, за да истражат како овие животни се справуваат со климатските промени. Снимени се 115 часа видео, кое прикажува нивното секојдневие: лов, одмор и игра.
Поларните мечки, кои зависат од морскиот мраз за лов на својата главна храна – фоките, се соочуваат со значајни предизвици бидејќи мразот се топи сѐ порано напролет и се формира подоцна наесен. Според WWF, оваа состојба ги принудува мечките да поминуваат повеќе време на копно, каде што храната богата со калории е ретка.
Истражувањето покажало дека, иако мечките користат различни стратегии – од лов на копно до одмор за зачувување енергија, повеќето изгубиле тежина, а една мечка дури изгубила 36 килограми. Тие биле снимени како јадат растенија, бобинки и мртви животни, но ова не било доволно за да ги одржи нивните енергетски потреби.
Научниците истакнуваат дека климатските промени принудуваат мечките да преземаат ризици, како подолги пливања во потрага по храна, што е невообичаено за овој период од годината. Популацијата на поларните мечки во овој регион е намалена за 30% од 1987 година, а истражувањето ја потврдува сериозноста на заканите од глобалното затоплување за нивниот опстанок.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
nas treba da ne nema Luceto Nie Otrov na Planetava
Za mechkite gi interesira…a milioni deca shto se gladni i zedni…bash gi zabolelo…
Коментирај анонимно