Морничавите „предвидувања“ на Симпсонови за 2024 година, коишто генерално се исполнија – напад на Доналд Трамп, колонизација на Марс и трета светска војна
„Симпсонови“ повторно го привлекоа вниманието со нивните „предвидувања“ за идни настани, од кои некои станаа реалност во 2024 година. Од почетокот на серијата во 1989 година, повеќе сцени од епизодите покажаа застрашувачки сличности со реални настани.
Некои од „предвидувањата“ за 2024 година
Обид за атентат на Трамп
Во епизодата „Lisa the Iconoclast“ од 90-тите, се прикажува снајперист на митинг, што потсетува на реалниот инцидент со Доналд Трамп во Пенсилванија оваа година.
Трета светска војна
Во епизода од 1987 година, Хомер се шегува за нуклеарна војна, нешто што денес станува сè поактуелно со глобалните конфликти и заканите од Русија.
Роботи и замена на луѓето
Епизода од 23-та сезона покажува како Хомер губи работа поради роботи, сценарио кое сè повеќе се поврзува со развојот на вештачката интелигенција.
Женски претседател
Епизодата „Back to the Future“ ја прикажува Лиса како прв женски претседател, наследувајќи „буџетска криза од претседателот Трамп“. Сите мислеа дека станува збор за Камала Харис, но сега е поверојатно да станува збор за ќерката на Доналд, Иванка.
Колонизација на Марс
Во епизода од 27-та сезона, семејството Симпсон се приклучува на програма за населување на Марс, што потсетува на плановите на Илон Маск за колонизација на Црвената планета.
Крај на светот
Во „Treehouse of Horror 23“, мистериозна црна дупка го уништува Спрингфилд, сценарио кое поттикнува размислувања за глобални катастрофи.
Со текот на годините, „Симпсонови“ исто така предвидеа паметни часовници, епидемии и технолошки иновации. Се смета дека тимот на сценаристи, кој вклучува експерти од различни области, е клучот за овие застрашувачки „совпаѓања“.
За 35 години и 780 епизоди, погодија доста настани низ историјата на човештвото и шире!
Се поставува прашање: да не ангажираат видовњаци (Баба Ванѓа…) за пишување на сценариа?
Коментирај анонимно