„Ми ја украдоа чантата „Хермес“ во вредност од 12.000 долари, позади мојот грб, додека се пресоблекував во гардероба во бутик. Внимавајте, крадци има секаде!“

Инфлуенсерката Јанис Јостема сподели момент кога нејзината нова чанта од „Хермес“, вредна 12.000 долари, била украдена додека се облекувала во бутикот „Манје Де Вуар“ во Лондон. Јостема, која има 1,2 милиони следбеници на „Инстаграм“, објави видео од надзорна камера каде што се гледа како девојка – крадец, облечена во бело, влегува во просторијата за пресоблекување и ја краде нејзината чанта.

 

 

 

Чантата била сивкаво-црвена „Хермес“ „JPG Shoulder Birkin“, која била украдена додека Јостема била свртена кон прозорците и се облекувала. Девојката, по неколку обиди, ја зела чантата и побегнала. Јостема била шокирана и во паника, откривајќи дека покрај чантата, и нејзиниот пасош бил украден, по што била принудена да го откаже одморот во Швајцарија.

 

 

 

Овој инцидент е само еден од низата кражби на скапи дизајнерски предмети во Лондон, со украдени стоки во вредност од повеќе од милион долари. Полицијата продолжува со истрага, но засега нема апсења.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *